Високите цени на енергенсите донесоа и за зголемено загадување на воздухот

Eнергетската криза го зголеми загадувањето на воздухот. Поради енормното покачување на цената на дрвата, струјата и пелетите граѓаните бараат поевтин начин  како да се затоплат оваа зима.  Тешко е да се каже колку од нив ќе користат горива коишто ја загадуваат животната средина, но познато е дека голем дел  од граѓаните поради високите цени, не успеаја да купат дрва, па за да се стоплат би можеле да користат се и сешто.

И експертите се категорични дека енергетската криза значително ќе влијае на зголемување на пм честичките во воздухот..

  • „Во сите градови покажува кога е стабилна атмосферата екстремни пикови на загадување. Тоа значи дека имаме многу повеќе емисии отколку што сме имале минатата година и дефинитивно причината е енергетската криза, односно промената на горивата коишто ги користи населението„-изјави Мираковски.

Во Скопје веќе се диши токсичен воздух. Деновиве и во Охрид мерните станици поажале пм честички над дозволеното. За среќа Штип нема голем проблем, а тоа се должи на самата местоположба на градот. Единствено решение е  во обновливите извори  на енергија и промена во системите за греење, смета Мираковски

  • „Со оваа енергија и со цените на енергенсите ќе треба да се справуваме и наредниот период. Јас се надевам дека поголемите инвестиции во обновливи извори на енергија ќе донесат некакво стабилизирање во цените, па ќе може луѓето побезбедно и на подолг рок да ги планираат начините на греење , а со тоа да се заштитат и себе си и средината во која живееме„-изјави Мираковски.

Минатата зима Скопје беше во првите десет најзагадени градови во светот. Често пати се случуваше податоците од мерните станици за квалитет на воздух  да го рангираат на прво место, а веднаш после него да бидат  Дака во  Бангладеш и Њу Делхи во Индија. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста