Вилма Русковска се врати во Обвинителството ама како осомничена

Вилма Русковска се врати во Обвинителството ама како осомничена и тоа на распит по кривичната пријава од екс-директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми. Дополнително, за неа има и дисциплинската постапка покрената од државниот обвинител Љубомир Јовески, но тоа не ја спречи да се кандидира и да се обиде повторно да раководи со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Очекува максимална поддршка од колегите.

  • „Бев сослушана во својство на осомничена. На постапката гледам како притисок, со воведување на дисциплинската постапка, поднесената кривична пријава. Утрово на распит била Елизабета Јосифовска, сега исказ давав јас, а утре треба да дава Ивана Трајчева. За Сузана Миречевска Кузмановска сега прв пат слушнав дека била ставена во пријавата“ рече Русковска.

Постапката против неа вели била притисок, за да обвинителите внимаваат против кого поведуваат постапки. Кривичната пријава од Муареми беше поради претресот кој Русковска и нејзините две колешки Ивана Трајчева и Елисабета Јосифовска го спровеле во Финансовата полиција, а според екс-директорот беше незаконски.

  • „Сега не знам дали има претходно имало и кон мене, не можам да кажам“ рече Русковска.

Русковска веќе два месеци е оддалечена од функцијата откако Јовески ја суспендираше. Русковска се жалеше до Советот на јавни обвинители, но тие и ја одбија жалбата бидејќи како што рекоа можела да влијае на постапката. Освен Русковска, Јовески поведе и дисциплинска постапка за Трајчева и Јосифовска.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста