Вилма Русковска бара помош од САД и ЕУ да се справела со притисокот на Муареми

Вилма Русковска бара Меѓународна помош за притисокот од власта откако Обвинителството со кое раководи откри низа криминали на високи функционери во власта. Чашата ја прели истрагата за директорот на Финансова, Арафат Муареми. Русковска бара во случајот да се вклучат Американците и Европската амбасада поради притисокот од Муареми.

„Ги повикувам сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите мегународни институции и амбасади, пред сè Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ, еднаш засекогаш да ги проверат сите факти и да се расчисти – кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот. Исто така, ја замолувам и Европската обвинителка Лаура Ковеси, ако е во можност, да дојде и да ги провери сите предмети на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, откако јас сум на чело на Обвинителството, со посебен осврт на предметите за Рашковски, Зеќири и овој најновиот, за Муареми“, повикува Русковска.

Муареми пак и возвраќа: ако имала докази за сторен криминал веднаш да ги сподели со јавноста.

Ја повикувам Вилма Рускоска, доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал од моја страна – истите да ги докаже и на јавноста да и пласира обвинителен акт против мене, а не празни и неосновани сознанија и информации, дискредитиријаќи ја во целост функцијата која ја извршува. Негонење на кримал поради притисоци претставува кривично дело, обвинителке.  А вашата чест и углед е безпредметнo да ги коментирам“ – вели Муареми.

Јавниот аларм на Рускоска не добива поддршка од нејзините колеги обвинители:

Како јавни обвинители не гледаме ниту една причина за ваков драматичен полноќен повик до меѓународни институции и дипломати, особено што ниту обвинителката Русковска, ниту останатите обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во ниту еден момент не биле спречени самостојно да водат истраги за предмети во нивна надлежност. Ниту еден јавен обвинител не смее да се смета себе си за семоќен и да одбива контрола над постапувањето. Таквата контрола токму има за цел да се избегне незаконито постапување и самоволие, како и да се гарантира праведноста на постапката“ – стои во рекацијата од Здружението на обвинители.

Судирот помеѓу Русковска и Муареми започна на 18 јули, кога истражителите од Организиран ги тресеа канцелациите во Управата по кривична пријава од група граѓани за злоупотреби, притисоци, малтретирање и насилство…Директорот и возврати со три претставки, до државниот обвинител Љубомир Јовески, до судскиот и советот на јавни обвинители. По увидот обвинителите на Јовески утврдија дека колешките на Русковска работеле со низа нерегууларности.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста