Виктор Димовски не ги удостои пратениците – Не даде отчет за скандалот „Онишченко“

Каде е вината за скандалот со случајот  Онишченко останува засега ндразјаснат за јавноста.  Ниту поиранешниот директор  на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димоски, ниту било кој член од агенцијата  не се одважи да се појави на седницата на комисијата за надзор над работата на АНБ и да даде отчет пред членовите за скандалот, по што седницата беше прекината. Претеседателот на комисијата Љупчо Пренџов го оцени како неодговорно однесувањето на вработените во АНБ и најави дека за кратко време ќе свика нова седница, со цел мистеријата Онишченко да добие епилог.

– Ќе разговараме, ова тука нема да заврши, седницата не е затворена, точката не е заклучена, во следниот краток период повторно ќе свикаме седница со цел мистеријата Онишченко конечно да добие епилог. Наместо Агенцијата повеќе да се грижи за безбедноста на граѓаните имам чувство дека тие со дејствијата прават граѓаните да се чувствуваат небезбедно во своја држава, изјави претседателот на комисијата за надзор над работата на АНБ , Љупчо Пренџов.

Продолжението на седницата беше закажано откако МВР информираше дека пристигнал извештајот за истрагата за протекувањето на информации на Јутуб за рефирањето на Димоски од минатата седница на собраниската комисија, а собранискиот спикер го известил Пренџов дека сега е безбедно да продолжи седницата.

Наместо да понсе одговорност за скандалот, се поизвесно е дека Димовски  ги пакува куферите за Париз.  Постапката за амбасадорското место во Париз да го добие Виктор Димовски била завршена во Владата, топката сега е кај Собранието , порача Премиерот.

Што се однесува до Владата, таа постапка е завршена. Ви однос на понатамошниот тек на постапката ќе мора да се обратите до Собранието и до претседателот на државата, рече Ковачевски,

Претседателот на комисијата Пренџов, рече дека ќе бара одговори и од новиот именуван директор на АНБ, Зарко Димовски, за случајот да добие епилог . Инаку,  скандалот со Онишченко не е прв случај на контровезнододелување на пасоши Македонски пасоши претходно добија светски познати мафијаши, членови на , членови на меѓународни криминални групи и на нарко-картели, барани со меѓународни потерници.  

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста