Ветингот и реформите во правосудството се само мртви зборови на хартија

Ветингот и генералниот реизбор на судиите останаа само мртви зборови на хартија како дел од Нацрт стратегијата на оваа Влада за реформи во правосудството. Дел од експертската јавност го дели ставот со американската амбасадорка Анџела Агелер дека ветинг е повеќе од неопходен во земја како Македонија во која според официјален Вашингтон царува корупција во високите поклитички ешалони на власта и во правосудството.. Владата веќе неколку години заборави на ова прашање, иако најавуваа дека 650 судии ќе бидат проверувани. Засега надлежното министерство за правда смени неколку шефови, но никој од нив не го покрена ова прашање.

Адвокатот Сашко Дуковски вели дека надлежните само помпезно ветуваа, но ништо реално не сработија изминативе години.

Проверките треба да се вршат пред изборот, особено за судиите кои се со доживотен мандат, пред да бидат избрани“, вели адвокатот Сашо Дуковски.

Ветингот во македонското правосудство е потребен за да се проверат функционерите кои се дел од корумпиран систем и процесот мора да се води внимателно и транспарентно, вели амбасадорката за Алсат. Таа го пренесува американското искуство појаснувајќи дека таму проверки се прават пред изборот на функционерите.


Тоа е особено предизвик во правосудниот систем поради потребата да се проценат оние кои се веќе на позиција и во систем каде што веќе постои корупција, многу е важно да се осигураме дека тој процес е целосно транспарентен и фер
, вели Анџела Агелер, амбасадорка на САД во Скопје
Оваа Влада на големо го најавуваше генералниот реизбор во предизборието пред 6 години и ветуваше прочистени правосудни институции без корумпирани функционери кои ќе работата во интерес на граѓаните. Но, ова ветување остана само како дел од изборна кампања.
Тонско: Зоран Заев претседател на СДСМ 11.11. 2016г.
(Ветинг ќе има. Веднаш по изборите и формирање на Владата ќе запознеме со процесот на ветинг)
По една година од изборите и формирањето на Владата, реформите на правосудството паднаа во надлежност на Судскиот Совет, а за ветингот беше одлучено да не биде спроведен.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста