Веселата математика со пратеници испадна не толку весела – уставните измени остануваат далечни

Веселата математика со пратеници испадна не толку весела. Уставните измени остануваат далечни и тешко достапни и покрај сите акробации во Законодавниот дом.. Додека се калкулира со пратеници, едно е повеќе од јасно – власта е далеку од обезбедување двотретинско мнозинство. По влезот на партијата на Таравари во власта, се уште не се знае какво ќе биде новото парламентарно мнозинство. Според познавачите, залудни се сите обиди да се проширува мнозинството, кога главната цел – уставни измени, не може да се постигне.

Апсолутно е невозможно да се постигне двотретинско мнозинство, сите политички калкулации, партиски калкулации, треба да бидат од аспект дека во овој состав, шансите за промена на Уставот се невозможни. Тоа не го тврди само опозицијата туку и повеќето партии тоа го согледуваат. Собранието, од друга страна е многу нефункционално, постои само да се калкулира со бројки – вели поранешниот пратеник Илија Димовски.

И додека фокусот цело време се става на тоа кој влегол а кој излегол од владината коалиција, резултати од предизборни ветувања не се испорачани, коментира Димоски. Граѓаните се разочарани бидејќи нема функционален здравствен, образовен, судски систем. И ова ќе биде така се додека власта наместо да се посвети на овие клучни прашања, размислува на убави и удобни фотелји.

Во меѓувреме, од Алтернатива никогаш подециди – нема да поддржи уставни измени доколку не се усвојат нивните амандмани за незастарување на делата поврзани со корупција на функционери. Гаши смета дека Ахмети и Ковачевски си извршиле политичко самоубиство, бидејќи со овој потег, се повеќе се оддалечувале од европскиот фронт.

Сите овие предупредувања, власта до сега не ги зема здраво – за готово. И премиерот и другите владини претставници убедуваат дека ќе се постигне двотретинско мнозинство за внесување на Бугарите во Уставот.

За да се исполнат оптимистичките најави на власта, и до крајот на скрининг процесот, односно ноември, да се заврши со уставните измени, процедурата би требало да почне јуни или јули, согласно сите деловнички одредби. Двотретинско мнозинство нема да биде потребно само за гласање, туку и за отпочнување на самата процедура.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста