Венко Андоновски меѓу осум светски писатели во потесен избор за „Толстоевата награда“

Венко андоновски меѓу осум светски писатели во потесен избор за „Толстоевата награда“. Меѓу романите од Германија, САД, Кина, Колумбија и други 4 е и романот „Папокот на светлината“ токму од Андоновски. Од 30 номинации од 16 земји, жирито во категоријата „странска литература“ се реши за овие осум наслови. Романот на Андоновски на руски го преведе еминентната преведувачка, македонистка и промотор на македонската култура во руската федерација, Олга Панкина. Ова е втора номинација на Андоновски за оваа награда. Во 2017 година, неговиот роман „Папокот на светот“, исто така во превод на Олга Панкина, беше номиниран, но не се најде на листата од потесниот избор. Името на лауреатот ќе биде објавено во октомври, на свечената церемонија на доделувањето на наградите „Јаснаја полјана“. Наградата jа добиваат писателот и преведувачот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста