Вашингтон очекува домашна акција против корупција

Црната листа не треба да биде остане само американска, и македонските институции треба веднаш да преземат мерки во борбата со корупцијата. Ова може да се заклучи од одговорот што го доби Алфа на прашањето упатено до амбасадата – кои се резултатите од тимот истражители кои минатата година престојуваше во Скопје и кога ќе бидат објавени имињата?

Посветени сме корумпираните актери да понесат одговорност и продолжуваме тесно да соработуваме со Вашингтон во однос на санкциите и развојот на случаите. Секое соопштение ќе дојде од Вашингтон, но секоја акција на меѓународните партнери мора да биде придружена со домашна акција, информираат од Амбасада на САД во Скопје.

Директна порака дојде и од американската амбасадорка која на Форум на жени лидери за добро владеење рече порача македонските граѓани заслужуваат институции кои работат за нив и иднина во којашто ќе владее правото.

Тонско: Анџела Агелер, амбасадор на САД во Македонија
(САД имаат значителни инвестиции во борбата против корупцијата бидејќи тоа е во најдобар интерес за двете страни. Граѓаните заслужуваат да имаат институции коишто работат за нив и тие заслужуваат да имаат иднина во којашто владее правото)
Домаќинката, пак на Форумот, Славица Грковска, вицепремиерката за владеење на правото, се согласи со забелешките но одговорноста ја префрли кај судско – обивнителскиот систем.
„ Се согласувам со податоците од последниот извештај на Стејт Департментот и се надевам дека ова ќе биде последен ваков извештај за земјава. Очекувам преку конкретни мерки да се подобри состојбата во правосудството бидејќи тука лежи клучниот проблем“вели Славица Грковска, вицепремиерка за владеење на правото
Според извештајот на Стејт департментот земјава тоне во корупција, а според коментарите во јавноста овие денови, ова е најлошиот извештај на САД за Македонија.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста