ВАРДАР СЕ СПАСИ ОД ЕЛИМИНАЦИЈА, ВО ПОЛУФИНАЛЕТО ОД СЕХА ЌЕ ИГРА СО ЗАГРЕБ НА 4 СЕПТЕМВРИ

Ракометарите на Вардар ја комплетираа најдобрата четворка сезонава во СЕХА лигата. Тие се спасија од елиминација на реваншот со Нексе кој се одигра синоќа во Скопје каде иако загубија со 25:24 го минаа чтвертфиналето и го обезбедија своето деветто учество на Фајнл-фор турнирот во регионалниот шампионат. Вардарци во следната рунда повторно имаат хрватски противник. Овој пат станува збор за составот на Загреб. Сеха завршницата се игра во Задар од 4 до 6 септември, започнува со полуфиналните дуели на 4.септември, во нив се среќаваат Мешков Брест – Веспрем од 18:00 односно Вардар и Загреб од 20:30. Борбата за третото место и финалето се играат на 6 септември.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста