Скопје стана како див запад – Пукање во Бутел, специјалец заврши во болница

Полициски службеник и уште едно лице по физички напад вчера во Бутел завршија на клинички со тешки повреди. Нападот се случил кога на возилото во кое се возеле заедно со уште едно лице  му бил попречен патот од две возила. Напаѓачите прво започнале да удираат по возилото, а потоа и ги нападнале лицата кои биле во него.

 Полицискиот службеник кој во моментот не бил на должност,  испукал неколку пати во воздух од слушбениот пиштол по што тројца од напаѓачите се дале во бегство, а двајца се приведени.  

Детали за мотивите во моментов нема. Според она што го кажа Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, станува збор за петмина напаѓачи, а двете лица се во болница.

Овој напад доаѓа по двојното убиство во  локал во старата скопска чаршија. Спасовски не гледа поврзаност помеѓу двата настани . Засега не може да открие детали од истрагата освен дека станува збор за меѓусебна пресметка на две групи во Шиша бар.

  • Станува збор за напад врз неколку лица, едно од тие лица е полициски службеник. Лишени од слобода се две лица. Има лица кои со другото возило практично го напуштиле лице местото. Очекувам дека наскоро и тие ќе бидат приведени кон лицето на правдата, рече Спасовски.

Сепак, и  покрај страшните настани кои се случуваат во метрополата, Министерот Спасовски  апелира граѓаните да бидат спокојни, уверува дека полицијата правела се за да ги заштити граѓаните, а Македонија била меѓу побезбедните држави , а пред таквите факти и боговите молчеле.

  • Заради тоа што институциите се тука и тие ја бранат безбедноста, јавниот мир и ред, во секој поглед. Мирот и стабилноста на граѓаните се приоритет број еден, рече Спасовски.

Додека Спасовски е самоуверен и горд на својата работа, крвавите убиства се секојдневие , а пресметките помеѓу мафијашките кланови не добиваат расветлување, , сеуште во досиејата на полицијата стојат неразрешени убиства кои се случија во Скопје. 

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста