Бурата во албанскиот политички блок му создава главоболки и на Ковачевски во врска со уставните измени

Превирањата во албанскиот политички блок му ги поматуваат сметките на Ковачевски за уставните измени. По условувањата на Беса, сега најверојатно ниту Алтернатива нема да бланко да даде поддршка за отворање на уставот. Ова следи откако се интензивираа средбите на Касами и Гаши, како и информациите за нивна можна соработка.

  • Затоа Централното претседателство го овласти претседателот без никакви ограничувања, било за соработка во рамки на Собранието или било за можни предизборни коалиции во иднина. Подготвени сме и отворени за секаков вид на соработка“.  

Најверојатно соработката ќе почне во Собранието, токму онаму каде на Ковачевски му требаат пратеници за да ги вметне бугарите во Уставот.

Иако работната група за уставни измени се состанува, сепак премиерот е далеку од обезбедување на потребните 80 пратеници за да ги стави бугарите во Уставот.

Дека бројката 80 за Ковачевски во моментов се чини невозможна покажува и фактот дека Беса условува, тие нема да ги дадат своите гласови, освен ако Ковачевски не им овозможи бришење на формулацијата 20% во Уставот 

Оваа соработка, како и гласините дека БЕСА,Алтернатива и неколку неладини организации ќе отворат блок Обединети за ЕУ, контра оној на Ахмети, Фронт на ЕУ покажуваат дека Алтернатива нема така лесно да дозволи на своите пратеници да гласаат за предлогот на Владата, од која пред неколку месеци беа исклучени.

Под знак прашалник остануваат фракционерите на ДУИ, кои исто така имаат пратеници во Собранието, тие неколку пати повторија дека тие ќе гласаат за уставните измени, но тоа беше пред инфоирмацијата дека тие ќе нарават посебна партија, што никогаш не беше демантирано. Интересите на Беса и фракционерите имаат заединчка точка, па нема да биде изненадување ако Меџити и неговите поддржувачи се најдат во блокот заедно со Гаши и Касами.  

Партијата на Мицкоски со совите 44 пратеника категорично го кажаа својот став, тие уставни измени нема да поддржат.

Мери Симоновска

https://youtu.be/x5EQ7vlMvUI

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста