Бугарски победи, македонски порази: Што се крие во Протоколите на Македонија и Бугарија?!

Два договори, ама и два протоколи. Четири официјални документи, сите по вкус на Бугарија, на штета на Македонија. Едниот потпишан летото 2019-та, другиот оној свежиот, минатово лето. Уште пред четири години, не историчарите, туку политичарите си договорија дека за Делчев и целото Илинденско востание треба да се преговара, знаејќи ги ставовите на Бугарите по ова прашање, односно дека нашиот најголем револуционер според нив бил Бугарин.

-Комисијата за историски и образовни прашања решително ќе ја забрза својата активност за значајни теми од нашата заедничка историја (Гоце Делчев, Илинденското востание и други), пишува во Протоколот од 10.06.2019-та.

Во протоколот од 2019-та стои и дека светите браќа Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и Цар Самоил покрај македонски биле и бугарски со што станаа дел од како што ја нароека политичарите заедничката историја.

-Прифатени се сугестиите за заедничко чествување на следните личности од нашата заедничка историја: Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил… При секое официјално чествување на овие личности потребно е историската вистина за нашата заедничка историја јасно да се одвележува, пишува во Протоколот од 10.06.2019-та..

Кога е Цар Самоил во прашање во 2022-ра неговиот статус беше проширен, па Самоиловото царство во Охрид стана и бугарско во македонската историографија, со амин од македонските историчари од заедничката комисија, на чело со Драги Ѓоргиев.

-Цар Самоил е владетел на голема средновековна држава, којашто поголемиот дел од современата историска наука ја смета за Бугарско царство со центар во територијата на денешна Република Северна Македонија, се вели во Протоколот од 17.07.2022-ра година.

Покрај Царот Самоил, политичарите договорија и дека светите браќа Кирил и Методиј, својата мисија ја ширеле на територија на средновековка бугарска држава.

-Делото на Св. Кирил и Методиј е сочувано и развивано во книжевните центри Преслав и Охрид, кои тогаш се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава, каде што нивните ученици наоѓаат услови за работа, се вели во Телопот од 17.07.2022-ра година.

Свети Климент и Свети Наум станаа заеднички. Прифатено беше она што Бугарија го тврди цело време. Покрај за македонската писменост работеле и за бугарската.

-Просветителското дело и придонесот на Св. Наум за развојот на писменоста и културата на Република Северна Македонија и на Република Бугарија, им даваат основа на двете земји да го негуваат споменот за неговото дело, преку заедничко одбележување при соодветни годишнини и јубилеи, се вели во Протоколот од 17.07.2022-ра година.

Од четирите документи, два договори и два протоколи, една обврска доби и Бугарија. Реципрочноста ја нема ниту во овој сегмент. Македонија исполни речиси се што источниот сосед побара, официјална Софија не ја исполни ниту едната своја обврска. Требаше да ни бидат поддршка и ветер во грб на европскиот пат, но наместо тоа ни станаа главен кочничар кој цело време ни поклолнува вето на патот кон ЕУ.

-Бугарија е посветена на продолжување на својата поддршка за европската интеграција на Македонија. Двете страни се залагаат за взаемна поддршка на кандидатурите во меѓународните организации, пишува во Протоколот од 10.06.2019-та.

Покрај заедничките чествувања договоривме и промена на историските учебници по бугарски терк. Според монгумина македонски историчари, за само неколку години заедничката историска комисија со поддршка на власта, на историски план во однос на спорот со Бугарија не вратиле во 19-от век. Со прифаќањето на францискиот предлог овие протоколи станаа дел од европската рамка односно услов за преговорите со Брисел.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста