Бугарски клубови никнуваат како печурки: Сега и Богданци ќе добие еден именуван по Цар Фердинанд

Цар Фердинанд, нов бугарски клуб ќе никне во Македонија, сега во Богданци. Ова преку социјалните мрежи ни го соопшти Виктор Стојанов, водачот на Фондација Македонија од Софија, здружение чија главна цел е провокации кон државава.

-Во Северна Македонија веќе има бугарски здруженија со името: Цар Борис III – Охрид, Ванчо Михайлов – Битола, а наскоро ќе има и Цар Фердинанд – Богданци!, напиша на Фејсбук Виктор Стојанов

Инаку бугарскиот цар Фердинданд владеел од 1887-ма до 1918-та, во времето нас балканските војни, кога Македонија била поделена меѓу соседите. Главната цел на неговата политика била возобновување на Санстефанска Бугарија, поради што тој го склучил сојузот со Србија и Грција, кој резутира со балканските војни.

Најавата доаѓа по отворањето на културните клубови Ванчо Михајлов и Цар Борис трети, во Битола и Охрид, двајца докажани соработници на фашистичкиот режим. Најголемо внимание предизвика отворањето на клубот во Битола Ванчо Михајлов. Клуб кој беше отворен од целиот бугарски државен врв, предводен од премиерот Кирил Петков.

Тоа беше дури и причина барем од говорница да изреагира и македонската власт. Не беше преземено ништо да се спречи отворањето на клубот, но премиерот ни порача дека помагал за подобрување на односите меѓу двете држави.

-Тој настан претставува ништо повеќе од провокација, бидејќи ги буди духовите од минатото, бидејќи се работи за личност кој што бил соработник и на хитлерова Германија и на мусолиниева Италија и на НДХ на Павелиќ, изјави Ковачевски.

Бура реакции кај македонските граѓани имаше и кога се откри дека во Охрид постои бугарски културен клуб именуван по Цар Борис трети, уште еден докажан соработник на фашистичкиот режим. Посебно болна тема ова стана за Евреите во држвава, велат ваквите потези наликуваат како враќање на фашизмот на голема врата во Македонија.

-Се добива некој впечаток дека фашизмот се враќа некако на голема врата во Македонија. Мислам непоимливо е сега во краток временски период да имаме културен центар Ванчо Михајлов во Битола, да имаме Цар Борис во Охрид, тоа непоимливо е. Утре ќе му текне на некој да регистрира на Хитлер, на Гебелс или на било кого, не е тоа во ред, изјави Леви.

Токму околу отворањето на културниот клуб Ванчо Михајлов, беше причина да регаираат и уставните експерти. Порачаа дека Обвинителството требало да реагира за овој случај, но и да Уставниот суд требал да го поништо основање.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста