Бугарските пратеници не ја поддржаа кандидатурата на Гарбовски

Пропадна уште еден обид за формирање на Влада во Бугарија. Парламентот не го одобри кабиентот на Николај Габровски.

Ниту повторното прегласување не помогна Габровски да стане нов премиер. За него гласаа 113 пратеници, а против беа 125.

Поддршката ја доби од 67-те пратеници на ГЕРБ-СДС и 46 од ДПС и Бугарски подем. Против гласаа 53 јцата народни избраници од „Продолжуваме со промената“ и 71 пратеник од „БСП за Бугарија“, „Преродба“ и „Демократска Бугарија“.

А со оглед на тоа дека Народното собрание не го одобри новиот предлог за премиер, за гласање не се најдоа ниту двете одлуки за структурата и составот на кабинетот. Пред предлогот, имаше жестока дебата подолго од три часа. Вознемирен од тоа што го гледа Габровски вели имал чуство дека се во изборна кампања.

  • „Што е нејасно во тоа што треба да се гласа буџет за следната година, што е нејасно што добивме шлаканица за Шенген. Не можам да прифатам дека во овие седум точки нема специфики. Ми се чинеше дека сите се согласија дека нема начин да се оди по овој правилен пат ако немаме функционален парламент. Сите се согласуваат дека е добро и го поддржуваат, но нема да поддржат влада, а потоа доаѓа изборната реторика. Мојата слободна волја да допрам до сите политички сили и мојот обид да допрам до сите и да ги обединам луѓето со професионализам е јасно видлива“, рече Габровски.

Сите чуда не се случуваат околу Божиќ вели Габровски а се помалку бил оптимист за тоа што и претстои на Бугарија. Ако се одиграло песимистичкото сценарио, ќе поминело уште една година од избори до избори.

Партијата „Продолжуваме со промената“ гласаа против бидејќи според нив тимот на Габровски не може да го испорача она што и треба на Бугарија.

  • Пред еден месец рековме дека за една влада да биде успешна, треба да се спроведуваат законите, Планот за закрепнување и одржливост, судските реформи – посочи Василев.

Габровски дојде како предлог од партијата ГЕРБ на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов. Претседателот на Бугарија Румен Радев пред 10-тина дена му го врачи мандатот по што го формираше тимот – министри.

Продолжуваме со промената на Кирил Петков, Демократска Бугарија, кои беа дел од претходната политичка влада, како и од Бугарската социјалистичка партија, се изјаснија дека нема да поддржат влада формирана според првиот доделен мандат на ГЕРБ, која пак, според бројноста и политичките сојузи што ги има, во моментов е најсилниот политички фактор. Владата кај источниот сосед во моментов е во технички состав назначена од бугарскиот претседател Радев.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста