Бугарските клубови со фашистички имиња „влегоа“ во новиот извештај за верски слободи на Стејт Департмент

Бугарските клубови со фашистички имиња, како што беа „Цар Борис Трети„ и „Ванчо Михајлов„ , но и новиот закон за здруженија влегоа во годишниот извештај за меѓународна верска слобода на американската Влада.

Имено, во извештајот е нотирана поплаката на Еврејската заедница во Македонија дека биле отворени два клуба кои носеле имиња на поединци кои соработувале со Фашистичка Германија за време на Втората светска војна.

„Еврејската заедница соопшти дека отворањето на два бугарски културни клуба именувани по поединци кои работеле со Германците во Втората светска војна, го навредува споменот на Евреите од Македонија кои загинале во логорот на смртта Треблинка. Демонстрантите и полицијата се судрија на отворањето на еден од клубовите. по протестите, на 2 ноември, Парламентот ги измени релевантните закони за забрана на регистрација и работа на ентитети кои ги носеа имињата и симболите на нацизмот, националсоцијализмот или на Третиот Рајх или се залагаа за нетолеранција, омраза, фашизам, се вели во извештајот.

Во истовреме, во него е нотирано и дека новиот статус на Македонската Православна Црвка – Охридска Архиепископија не беше целосно решен на крајот на годината. Американската Влада наведува дека вселенскиот патријарх на источната православна црква ја призна МПЦ-ОА како канонска, како ставање крај на долгиот период за непризнавање од страна на глобалната православна црква.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста