Бугарскиот министер Демерџиев бара средба со македонскиот колега Спасовски

Првиот човек на бугарската полиција, Иван Демерџиев, вели дека не бил соодветно испочитуван договорот со македонското МВР, за непречено чествување на роденденот на Гоце Делчев, од страна на бугарски граѓани. Тој сега бара нова средба со Спасовски и тоа под конкретни услови. Да биде во Делчево и тоа да се случи до крајот на неделава.

  • „Група бугарски граѓани беа запрени на границата, а над 40 минути беа проверувани полициските сили за кои имаше одбрение да ме придружуваат на таа посета. Ние презедовме дејства со Министерството за надворешни работи уште истиот ден. Побарав објаснување зошто и кои се причините, а како прва причина ние беше споменато прекин во електричната енергија, па денеска праќам три генератори на трите пункта за да има струја.“ – Изјави Демерџиев“

За случувањата на граничниот премин „Деве Баир“ и непочитување на неодамна договореното во Скопје, се судрија ставовите на бугарското и македонското министерство за надворешни работи. По реакцијата на официјална Софија, од кај нас велат дека домашните институции се должни да ги преземат сите мерки за да се спречат провокации, тензии и инциденти кои можат да ја загрозат националната безбедност.

  • „И покрај искажаната волја, Бугарија не направи доволно напори да спречи пристапување на радикални поединци на граничниот премин Деве Баир, овозможувајќи на тој начин, дел нив да се однесуваат агресивно, да ги навредуваат и да применат насилство кон претставниците на гранична полиција.“ – Соопштија од МНР.

Инаку, бугарски активисти од радикалната партија „Преродба“ беа приведени за нарушување на јавниот ред и мир, судот ги казни со по 300 евра и 3 години забрана за влез во Македонија. Инцидентите следа откако на нив не им се дозволи да ја преминат границата, поради техничики проблеми. Бугарскиот министер за внатрешни работи, Демерџиев, во саботата најави три генератори за надминување на проблемите на граничниот премин, а денес, за бугарските медиуми, тој вели дека го исполнил ветувањето и ги доставил генераторите.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста