Бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид е избришан од Централниот регистар

Културниот центар „Цар Борис Трети“ од Охрид утрово е избришан од Централниот регистар, откако министерот за Правда, Кренар Лога на 30-ти март го потпиша решението со кое се забранува здружение да го користи името на оваа контроверзна личност.

Централен регистар денеска постапи по одлуката на Лога, која доаѓа откако владината комисија за употреба на имиња на историски личности, даде негативно мислење со образложение дека именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество… Бугарските клубови имаа рок до 16 февруари да ја усогласат работата со измените во законот за здруженија и фондации донесени лани во ноември, според кои во називот не можат да користат имиња на личности што се поврзуваат со геноцид, нацизам и фашизам… Културниот центар „Ванчо Михајлов“ од Битола, беше избришан од Централен регистар пред две недели, затоа што одби да се пререгистира, а утрово е избришан и културниот центар „Цар Борис Трети“, од Охрид затоа што во законски рок не поднесе комплетна документација за пререгистрација.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста