Бугарија ја засилува офанзивата против Македонија: Само три месеци траеше задоволството од прифатениот француски предлог

Сите отстапки кои Македонија ги направи со францускиот предлог малку ги омекнаа Бугарите, ама и тоа траеше кратко. Само неколку месеци по ставените потписи на Османи и Генчовска, Бугарите повторно ја покажаа својата глад. Нешто помалку од три месеци траше бугарскиот одмор од новите барања, услови и уценувања кон Македонија.

Она што претставува поголем проблем е што културните клубовите станаа услов и за официјална Софија, кој прво ни го кажа заменик министерот за надворешни на Бугарија, Костадин Коџабашев. Тој побара гаранција дека клубовите именувани по докажани фашистички соработници нема да бидат чепнати, инаку не следи нова блокада. Тоа Бугарија ги побара и пред Брисел, објави Еурактив. Каде се вели дека или ќе поработиме на тоа што Бугарите го сметаат како говор на омраза, или ни следува нова блокада.

-Софија побара дополнување за активно следење на истрагите и пресудите за злосторства мотивирани од омраза против бугарската заедница и тие остануваат приоритет, пишува Еурактив.

Покрај досега спорните, нови 20-тина клубови ни најави бугарскиот бизнисмен и финансиер на клубовите Милен Бравески. Тоа било со цел да се реши како што вели насилството кон бугарските здруженија во Македонија.

-За бугарските клубови во Северна Македонија, ме прашувате која е опцијата за решавање на проблемот со насилството. Многу е едноставно, уште 20 клуба и постепено вистината ќе се разбере, а евроинтеграциите значат пред се вистина. Тоа ќе ве ослободи, изјави Врабевски.

Поранешниот амбасадор Јован Донев за Алфа вели дека ова било очекувано, само било прашање на време кога повторно Бугарите ќе прозборат, вели нова блокада не очекува дури и да го промениме Уставот, ако не прифатиме дека гоце Делчев бил Бугарин.

-Тоа што вас ви се чини или нас ни се чини дека е некакво затишје, тоа значи дека немаме јавни изјави, но дека дипломатијата си работи, и дека работат на формирање на клубови и кога ќе дојде погоден момент тие ќе прозборат пак. Првата блокада ќе биде заради Уставот и да го прифатиме нивното барање за Уставот, ако не прифатиме дека Гоце Делчев е Бугарин, пак ќе има блокада, вели Донев за Алфа.

Додека бугарските клубови во Макеоднија никнуваат како печурки после дожд, оној едниот македонски отворен во Благоевград, Никола Вапцаров, од бугарските власти беше забранет и затворен после само два дена од неговото отворање.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста