Бугарија утре гласа, ќе се избере ли Влада со порационални ставови кон Македонија?

Нови избори во Бугарија, стара реторика кон Македонија. Експертите децидни дека и во можност да се формира нова политичка влада во Бугарија, за што шансите се многу мали, долгогодишните ставови на официјална Софија ќе останат исти. Другото сценарио, со поголема веројатност за реализација е малцинска влада, која нема да има простор да менува од сегашните ставови на источниот сосед.

  • Тешко ќе биде повторно Бугарија да формира политичка влада, затоа што процентите на истражување и на „Алфа рисрч“ и на „Маркетинг линкс“ се такви што двете коалиции, ГЕРБ и СДС, и, Продолжуваме со промените со Демократска Бугарија, се изедначени и може да очекува формира малцинска влада само со поддршка од ДПС и Возрждание и тука малцинска влада нема да има можности да промени било што од она што е денеска“ вели поранешниот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа.  

Дека Бугарија го држи во свои раце македонскиот пат кон Унијата, не може и а не мора со ништо повеќе да не оценува, е повеќе од јасно.  

  • За жал не сум оптипист, за жал и немаат веќе друг инструмент со што би не уценувале понатаму. Веќе сме уцените до максимум. Немаме отпочнато преговори и ќе не држат до овој стадиум додека можат, така да полошо од ова, никогаш не вели никогаш, но веќе сме во тоа“, изјави Дејан Маролов – универзитетски професор во емисијата „За или против “ на телевизија Алфа.

Наспротив експертската јавност министерот за надворешни работи Османи, очекува подобар дијалог и соработка со новата Влада на Бугарија, додека спротивни тонови испраќаат политичарите – кандидати за примиерската фотелја во Софија. И на веќе добро познат начин, бугарските политичари за време на цела изборна кампања потсетуваа дека Софија си ја завршила својата задача кон Македонија. Таква порака испрати поранешниот и сегашен кандидат за премиер Бојко Борисов кој потенцира дека сега било грижа на Европската унија да ја натера земјата, како што вели, да се однесува европски.

  • „Да ги затвораат бугарските клубови, да ги тепаат Бугарите затоа што имаат бугарска самосвест – тоа не е европско и не е цивилизирано. Моето барање е овој процес да се набљудува. Не можеме да бидеме добри повеќе од еднаш. Сега е нивни ред да докажат дека се добри“ рече Бојко Борисов.

Освен ГЕРБ на Бојко Борисов високо котира и партијата Продолжуваме со промените на Кирил Петков, кој ја предводеше бугарската влада, кога Македонија се соочи со притисоци за францускиот предлог. Парламентарните избори во Бугарија, петти по ред за само две години, се зажани за утре. Во Македонија се пријавија само 169 гласачи, а ќе се гласа освен во Амбасадата во Скопје, и во Битола, Кавадарци, Прилеп, Струмица и Тетово. Избирачко место предвидено беше и во Охрид на локацијата на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, но за таму не се пријавил никој.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста