Бугарија се однесува нео-колонијалистички – Реакции на домашни, регионални и европски експерти

Лавина бурни реакции експертската на фела во земјава, регионот, но и од Европа по потпишувањето на билатералниот протокол. Директорката на Институтот за комуникациски студии иронично прашува какво демократско достигнување е тоа што и по потпишувањето, протоколот нема да биде објавен.

– „Па јас сум ви дала и повеќе образ од што имате, сум ве преценила. Јас мислев барем ќе се обидете да не зафарбате со објавување 5 минути пред потпишување, па преку рент-а-новинар и рент-а експерт ќе не „информиравте“ дека тоа што сме дознале истовремено со потпишувањето е големо достигнување и развој на демократијата во Македонија“ реагира на Фејбук, Трајковска.

Таа дава предлог воопшто да не се објавува протоколот, иронично порачувајќи дека ние нема потреба да знаеме што пишува во него.

– „Нека знаат во ЕУ и Генчовска, а нас на рати ќе ни го кажувате што треба да направиме. Што има да знаеме како не сецкате! Ќути, бутај, може Македонецот да издржи сè. Нe бе дечки, не може сè. И сами ќе си го видите тоа. Каков крај“, порачува Трајковска.

Ниту хравтската академска јавност не остана рамнодушна. Професорот по Македонски јазик и книжевнос Горан Колоѓера, вели дека преговарачите од Македонската страна не си ја познаваат историјата.

– „Да се прифати дека бугарската војска не ја окупирала Македонија, дека македонскиот не е литературен јазик, дека се бугаризираат најдобрите македонски револуционери, дека се игнорираат ефектите од преродбениот период, дека се игнорираат жртвите од Кресенското и Илинденското востание, дека делото на Блаже Конески и генерации македонски лингвисти се игнорираат, ја опструираат и менуваат македонската историја по диктат на соседната земја, и слепо да ги слушаат предлозите на европските лидери кои немаат поим за Македонија и нејзината историја! Тоа едноставно не е во ред.“ – Пишува Проф. Горан Калоѓера од универзитетот во Ријека.

Дури и евроспки политички истражувачи сметаат оти преку овие процеси, се спроведува асимилација и бугаризација на македонскиот народ.

– „Бугарските лидери не оспоруваат дека во светот има луѓе кои се сметаат себеси за етнички Македонци. Спорно им е од каде доаѓаат овие луѓе, како и нивното минато и нивната иднина како Македонци. Се работи за политика оние кои денес се сметаат за етнички Македонци да се трансформираат во Бугари преку притисок во вид на вети или стимулации со издавање бугарски пасоши. – Пишуваат Гералд Кнаус и Кристоф Бендер од Европската иницијатива за стабилност.

Во авторски текст за ЕСИ тие наведуваат дека со протоколот, постојаната трансформација на етничките Македонци во Бугари ќе се забрза преку промени во културата и образованието: децата во училиштата во Македонија треба да се учат дека нивните баби и дедовци всушност биле Бугари.

– „Тие треба да научат дека пред неколку децении авторитарните лидери ги заведувале, хипнотизирале, манипулирале и тероризирале овие Бугари. Тие треба да разберат дека кога бугарската армија, сојузник на Третиот Рајх, ја окупираше Македонија за време на Втората светска војна, дека таа не била окупаторска сила туку сила на доброто“ додаваат Кнаус и Бендер.

Во подолгиот текст пишува и дека за Бугарија билатералниот протокол е клучен и оти промената на уставот е само почеток на процесот со кој Македонија ќе се трансформира според бугарските очекувања. А барањето на Софија да и бидат доставени примероци од сите методолошки упатства, учебници, наставни помагала и други релевантни наставни материјали во образовната програма на Република Македонија – го коментираат како неоколонијалистички пристап, кој Евроспката унија се прави дека не го забалежува.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста