Бугарија ни ги потврди стравувањата: Или ќе се спроведе секоја точка за менување на историјата или доаѓа ново вето

Бугарија не сака да чека, заедничките чествувања да почнат уште оваа години, директно ни порача бугарското МНР. Договореното меѓу историските комисии, иако се уште барем официјално не е прифатено од Владите, ќе мораме да почнеме одма да го имплементираме. Барем така не охрабруваат бугарските власти.

-Така, според нас, се создава потребната основа за да се продолжи со практично спроведување на уште еден многу важен договор од протоколот, а тоа е – координација на календар на заеднички прослави за периодот 2022 – 2023 година за петте заеднички историски личности, велат од бугарското МНР.

Ова доаѓа само ден откако бугарските историчирани ни порача дека ако не го исполниме договореното, ќе сме имале непријатни последици. Токму тоа се последиците од прифатениот француски предлог вели за Алфа поранешниот амбасадор Јован Донев. Според него Бугарија ќе не блокира на секое поле додека не го исполниме она што сме го договориле со нив.

-Бугарија не е Холандија, па даја интересира спроведувањето на правото во Македонија и борбата против корупцијата, Бугарија единствено ја интересира да го елиминира македонизмот. Она нема за што друго да стави вето, а може постојано да става вето, на секој извештај на Европската Комисија може да стави вето. Ние од Бугарија поддршка за Европска Унија каква таква не можеме да очекуваме, додека не ги исполниме нивните барања. Бугарија нема да стави вето заради заштита на животна околина во Македонија, Бугарија ќе стави вето доколку не го избришиме фашистичкиот окупатор од спомениците, вели Донев за Алфа.     

Вели требаше да бидеме свесни за ова уште кога го прифативме предлогот на Макрон и спорниот протокол кој е дел од него. Според Донев доколку документот бил добар за Македонија, немало Бугарија веднаш и со отворени раце да го прифати.

-Францускиот предлог нас не ни даде отворени врати за преговори со Европската Унија или тие само да зависат со нас. Францускиот предлог јасно стави до знаење дека ќе зависи од исполнувањето на билатералниот договор со Бугарија. Треба да ги гледаме во пакет, да не беше така Бугарија немаше да го прифати францускиот предлог, вели Донев.

Покрај историските прашања, за да започне со реални преговори, Македонија мора да го промени Уставот и да ги внесе Бугарите во него. Кога тоа ќе се случи останува нејасно. На поканата на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски тие веднаш да влезат во собраниска процедура, вицепремиерот за еворпски прашања одговорои дека се уште било рано.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста