Бугарија не ги дава „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“: Официјална Софија ќе направи се да ги спаси клубовите именувани по докажани фашистички соработници

Додека македонските власти се пишманат, бугарските уште порешителни во одбраната на своите позиции. Не се откажуваат од „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“. Бугарската држава останува зад клубовите именувани по докажани соработници на фашистичкиот режим. Ова ни го порача главниот експерт во бугарското МНР, Желјазко Радуков. Вели кога ќе стапи законот на сила, на клубовите било дали ќе го почитуваат и ќе постапуваат по него или не, а властите во Софија ќе застанат зад нив во секое можно сценарио.

-Кога ќе стапи во сила Законот за здруженија зависи од тоа кога ќе биде објавен во Државниот весник на Македонија. Сигурно ќе се забранат клубовите, прашање е дали ќе се изнуди промена на името. Не можеме да одговориме на тоа бидејќи тоа ќе биде одлука на секој од овие клубови. Тие ќе имаат можност или да ги променат имињата или да си ги бараат правата преку суд. Бугарската држава ќе ги поддржи и во двата случаи, изјави Радуков.

Ваквите пораки од Бугарија доаѓаат во моментите кога македонската власт сама си кажа дека ова законско ќе го прати на проверка. Венецијанската комисија ќе оценувала дали има нешто спорно во истиот. Според академик Владо Камбовски, од таму би требало да се очекува позитивна оцена за законското решение.

-Јас очекувам дека Венецијанска комисија ќе го потврди таквиот став, не верувам дека таа ќе рече да може да формирате здруженија што ќе речат да може да формирате здруженија што ќе шират национална омраза и нетрпеливост, тоа ни една држава не го дозволува на светот, тоа е спротивно на сите меѓународни стандарди и норми, изјави Камбовски.

Ставовите на бугарските културни клубови во Македонија се и повеќе од јасни, тие не сакаат ни под разно да ги менуваат своите имиња, кои за многумина во државава претставуваат сериозна провокација и повреда на чувствата на Македонците.

-Ние името не планираме да го смениме, ќе ги искористиме сите правни средства кои ни стојат на располавање во државата Македонија. Ќе ги испцрпиме сите правни механизми кои ни стојат на располавање. Ќе ги искористиме сите судски инстанци и потоа се знае ќе одиме во Европскиот суд во Стразбур, ако бидеме одбиени тука, изјави Марјан Николовски, потпретседател на здружението „Цар Фердинанд“.

Сепак на крајот станува јасно дека на Бугарија најверојатно ќе и успее да го смени законот за здруженија со кои Македонија забранува нивните клубови да носат имиња на фашистичќки соработници. Нефоцијално, планот на Софија е тоа да го направи за време на скрининг процесот, кога ќе се утврдува кој закон е во согласнотс или е спротивен на европската регулатива. Потврда за ваквата можност стигна и од македонскатра влада , која срамежливо призна дека сите закони, вклучувајќи го и овој може да претрпат измени додека трае скринингиот.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста