Бугарија го забрани отворањето на Културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

Нова цензура за Македонија во Бугарија. Благоевград го забрани отворањето на македонксиот културен клуб именуван по славниот македонски поет Никола Вапцаров. Бугарија може да шири пропаганда во Македонија и да провоцира со клубови именувани по фашисти, но отворањето на Културниот клуб „Никола Вапцаров“ го смета за пропагандна провокација.

– Благоевград нема да биде центар за слични пропагандни провокации – се вели во образложението на декларацијата изгласан од Советот на градот. Советникот од партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, ни порача „ со оваа декларација им порачуваат на „македонистите“ дека не се добредојдени во градот“.

Иако на 30 октомври беше закажанато отворањето на Клубот, земјата со која треба да негуваме добрососедски односи реагираше уште пред време.

Дека на Бугарија и смета македонскиот клуб, можеше да се заклучи уште пред две недели, кога канцеларијата на клубот беше вандализирана и од натписот на клубот беше избришана буквата „М“. 

За одлуката на Благоевград, реагираше и претседателот на ОМО Илинден Пирин, Стојко Стојков. Сепак, верува дека Клубот ќе биде отворен, а ќе ја поканеле и македонската влада.

Тоа е срамота и покажува на што сè се подложени Македонците во Бугарија. Овие луѓе во Советот на Благоевград ако самите не се Македонци, имаат роднини и пријатели кои се. Тие знаат дека има многу Македонци во Бугарија и во Благоевград. За да излезат со таква позиција, објаснување е само дека се создава атмосферата за страв и омраза против Македонците овде. За жал, нема ништо од македонската влада, но и тие ќе бидат поканети на отворањето – изјави претседателот на ОМО Илинден – Пирин, Стојко Стојков, за „Слободен печат“

Уште во април, кога се отвораше бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, премиерот Димитар Ковачевски најави реципроцитет.

Ние како Влада, имаме план, до крајот на годината, да отвориме културен клуб во Бугарија – премиерот Ковачевски на 28.04.2022

Инаку, Бугарија до сега има 17 пресуди од судот во Стразбур, за прекршување на човековите права и правото на здружување на македонското малцинство, но истите не ги спроведува, иако европските министри на секои шест месеци ја потсетуваат Софија дека секоја земја-членка на Советот на Европа е обврзана со Конвенцијата да ги спроведува пресудите на Судот.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста