Бугарија бара да учествува во менувањето на Уставот на Македонија

Официјална Софија бара да учествува во нашите уставни измени. Шефот на бугарската дипломатија Николај Милков ова веќе му го соопштил и на министерот Османи.

„Од она што го знаеме, се разговара за варијанти на иднот текст на Уставните измени во Македонија и ние би сакале да партиципираме во овој процес за да се одвива непречено. Би  сакале да се консултираме со нив за овие прашања. Вчера имав краток разговор со министерот Османи за ова“, рекол Милков на брифинг. Засега нема одговор од македонското МНР дали би прифатиле странска држава да учествува во процес на иставни измени кај нас, независно што промените се прават пред се со цел вметнување на Бугарите во Уставот.

По ова реагираше македонско Министерство за надворешени работи. Оттаму велат дека процесот на уставни измени претставува внатрешно прашање на Македонија, која како обврска е поврзана со пристапните преговори за членство во Европската унија.

„Се очекува Собранието да ја донесе таквата одлука, суверено и согласно долгорочните интереси на граѓаните на Македонија, претставени во парламентот и во тој контекст, не постои можност ниту политичка волја за вклучување на граѓани и институции од странство, вклучително од Бугарија. Такво барање ниту е пристигнато, ниту е разговарано меѓу министрите Османи и Милков“ се наведува во соопштението од МНР.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста