Бугарите поднесоа 320 амандмани на извештајот на ЕП за Македонија

Европскиот парламент го објави извештајот-Резолуцијата на бугарскиот европратеник Илхан Ќучук за Македонија, изработен по извештајот на Европската Комисија. На извештајот долг десет страници, поднесени се дури 320 амандмани на 161 страница, за кои ќе расправа Комисијата за надворешни работи, во кои бугарските европратеници ќе се обидат да ги вметнат нивните критики кон Македонија. Дебатата ќе се одржи наредната недела.


Во нацрт-резолуцијата се поздравува континуираната посветеност на македонија за интеграција во унијата, а истовремено се повикува на смиреност, достоинство и зрелост во билатералните односи. Во исто време тој и предупредува против обидите за поткопување на мирните меѓузаеднички и билатерални односи за кои смета дека ја поткопуваат стабилноста и го загрозуваат регионалното помирување.

Ќучук повикува на смиреност, достоинство и зрелост во билатералните односи и ги повикува носителите на политички одлуки и општества во Бугарија и Македонија да преземат заедничка одговорност и да ја вратат позитивната агенда меѓу двете земји во духот на договорот за пријателство.


Европскиот парламент го поздравува целосното усогласување на македонија со надворешната и безбедносната политика на унијата, а во резолуцијата се повикуваат креаторите на политиките да поттикнат национален консензус за интеграцијата во ЕУ, надградувајќи се на успешното започнување на процесот на проверка и да работат на постигнување, до 2030 година, на амбициозната цел за исполнување на критериумите за членство во Унијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста