Бугарите во Уставот: Не е битно што мисли и што сака народот, туку што мисли премиерот

Не е битно што мисли и што сака народот, туку што мисли и што сака премиерот. Димитар Ковачевски, кој патем не беше избран на избори, вели дека на него било да носи тешки одлуки и да ги внесе Бугарите во Уставот.

Ако во минатото се слушал гласот на народот, Македонија денеска ќе била без Рамковен договор и надвор од НАТО, вели тој.

„Во 2001 ние ќе немавме Рамковен договор, ако ги погледните анкетите пред Преспанскиот договор, ние денеска немаше да бидеме во НАТО, ако ги погледнете анкетите при прифаќањето од страна на Собранието за заклучоците за европскиот предлог и скрининг процесот, па ние уште ќе го немавме отпочнато скрининг процесот, исто и сега, лидерството е да донесете одлука за сегашните и идните гернерации, а не да се криете позади народот“, рече премиерот  Димитар Ковачевски.

За разлика од Ковачевски, Мицкоски во повеќе наврати потенцираше дека власта е кај народот и дека граѓаните треба да одлучат. Лидерот на опозицијата порачува дека овој парламентарен состав нема мандат да го менува највисокиот правен акт, па според него редремени избори се единствено решение како да се испочитува волјата на народот и како што вели, Македонија да се спаси од криминалното владеење на двоецот ДУИ и СДСМ.

„Се бориме и инститраме да бидат што побрзо, дури им дадовме можност на ДУИ и без техничка Влада и без 100 дена, колку што е доволно според Државната изборна комисија требаат 50 денови, еве нека се и два месеци, од денеска да го распуштиме Парламентот, без техничка Влада, да го смениме законот, се што е потребно да го спасиме народот од оваа Влада“, рече лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски

Додека Ковачевски и Мицкоски кршат копја на тема избори, власта уште еднаш порача дека очекува опозицијата да се вклучи процесот за устравните измени. Ковачевски најави дека во следен период ќе биде формирана работна група координирана од Министерството за правда за подготвување на амандмани, по што треба да следи широка јавна расправа. Освен Бугарите власта најавува внесување и на други заедници со измените кои претстојат.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста