Бришењето на терминот „над 20 проценти“ во однос на јазикот во Уставот го поткопува Рамковниот договор

Промената на уставот со бришење на фамозните „20 проенти„ кои се однесуваат на употребата на албанскиот јазик, може да го поткопа Рамковниот договор и сигурно ќе има последници на правниот и општествениот поредок во Македонија, сметаат дел од познавачите. За експертите отворање на Уставот не е посакувано сценарио во ниеден случај, за да не ставеме трн во здрава нога.

  • Секако дека ќе има последици, најпрво заради тајмингот и така е тензична и комплексна работата, а и самиот контекст и сега да се наметнуваат други прашања е најмалку несериозно. Инаку од аспект од позиции на власт е секако и недоговорно да се прави. Неспорно е дека може за низа аспекти од Уставот да се раззговара, но во некој порелаксиран и друг контекст. Има прашања кои треба да се разговара, иако тука не би сакала да кажам дека влегуваат и прашања од Рамковниот договор, подобро е, духот и словото да се остават такви како што се вградени во Уставот, зошто ако се отвара ќе треба да се отворат и аспекти кои што актуелниотв министер за правда сигурно не ги има на ум“ вели во телефонски разговор за Алфа, Каролина Ристова – Астеруд – универзитетски професор.

Притисокот за внесување на бугарите во уставот, ја отвори Пандорината кутија и повторно ги извади на површина веќе познатите барања на партиите на алабанците во македонија. Тие бараат при подготовката на уставните измени да се земе предвид и промена на амандманот V од Уставот, со која би се замената формулацијата 20 % со албански јазик.

И професорката Билјана Ванковска со сличен став како професорката Астеруд, Уставот не треба да се менува. Таа посочува дека при секое завршување на парламентарни избори и формирање коалиција, исто како и при секое отворање на Уставот, албанскиот политички фактор конзистентно успева да ги вметне своите барања. Прашањето на експлицитно определување на албанскиот јазик како втор, т.е. еднаков со македонскиот, службен јазик не се крие одамна како приоритет, вели Ванковска.

  • Затоа мислам дека е речиси извесно дека новото отворање на Уставот ќе значи и промена во оваа смисла. Од друга страна, факт е дека од 2017 година во правна сила е законот за употреба на јазиците, кој фактички се однесува на подигнување на нивото на употреба на албанскиот јазик (и ниту еден друг). Одамна зборувавме дека е противуставен, но тоа не скандализира никого. Сега таа ситуација би се легализирала. На тој начин, Македонија и согласно Уставот станува не само двојазична туку и бинационална држава“,вели Билјана Ванковка – универзитетски професор.

Има и дел од познавачите на оваа тематика кои велат дека нема ништо да се промени доколку се вменте ова барање во уставот, но и тие се во недоумица како сето ова ќе се рефлектира на Охридскиот Рамковен договор. Беса веќе поднесе барање за да се вменте албанскиот јазик во Уставот, а и останатите партии од албанскиот блок не ја одбија идејата.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста