Брзи кредити – Во каква „финансиска авантура“ влегуваат граѓаните?

За земен брз кредит од 9 000 денари, граѓанин бил принуден да плати сума за осум пати поголема од главниот долг или 75 772 денари. И навистина за брзиот кредит не се плаќа камата за доцење на исплатата, ама се плаќаат други огромни трошоци за кои граѓаните најчесто не се инфомирани целосно.

Се наплаќа надоместок за доцнење, достасан надоместок, износ за пратена опомена и случни други давачки.

-За жал ниту овие критериуми сега се транспарентни , ниту е утврдена висината на трошоците за кои граѓанинот е должен во случај на закаснување. Оттука апелирав до Собранието да се пристапи кон измена на законот на финансикско работење и на законот кој го регулира основањето и финансирањето на финансиските друштва со што во иднина ќе се избегне граѓаните да се ставаат во ваква неповолна сиуација а при тоа морам да истакнам дека се работи за најранлива категорија на граѓани кои користат кредити со мали износи но на крај враќаат дебели трошоци, објаснува Народниот правобранител Насер Зибери.

Препораките на Народниот правобранител во моментов се во собраниска процедура, а се очекува утврдување на меките, спроведување и примена на препораките.  

Во меѓувреме, до Народниот правобранител пристигнале и преставки за злоупотреба на личните податоци при подигнување на брзи кредити. Слични се примерите на родителите на малиот Тео и случајот со Анета Петровска за кои изнформираше Тв Алфа.

Само годинава во периодот јануари-февруари регистрирани се 27 кривични дела „злоупотреба на лични податоци“.

-Во дел од преставките  кои и годинава продолжуваат да пристигнуваат се однесуваат на злоупотреба на личните податоци кои ги превземаат граѓаните од личните карти и други документи за утврдување на идентитет на граѓаните и таа злоупотреба е еден од проблемите кои законот треба да го реши. А тоа е начинот за аплицирање за користење на брзите кредити. Мислам дека Собранието ќе смогне сили ова прашање да го реши и дефинира и ги прецизира одредбите за начинот на кој функционираат овие друштва но и надзорот кој министерството за финансии треба да го врши врз овие субјекти, објаснува Народниот правобранител Насер Зибери.

За една година 43 граѓани пријавиле измама со брзи кредити. Измамниците се повторно активни на социјалните мрежи, целна група најчесто им се ранлива категорија на граѓани, кои успеваат да ги прелажат за од нив да ја добијат фотографирана личната карта. Потоа апицираат за брз кредит, со злоупотреба на личните податоци на други луѓе и ги заглавуваат и по стотици илјади денари.

Анастасија Илиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста