„Браќа Миладиновци“ во Струга, не ги врати учениците на настава, ги игнорира предупредувањата на Инспекторатот

Раководството на најголемото струшко основно училиште“Браќа Миладиновци ” кое на  своја рака и противзаконски наставата во второто полугодие ја спроведува онлајн поради реновирање на училишната зграда,не го спроведува решението на Државниот просветен инспекторат да ги врати децата во училишните клупи и покрај укажувањата дека тоа се коси со законот за основно образование.Просверните инспектори пред една недела поворно направиле контрола.

”На ден 23.02.2023 година извршен е контролен инспекциски надзор со кој е утврдена фактичка состојба и согласно истата донесен е инспекциски акт Решение со НАРЕДБА. По истекот на рокот за извршување на инспекциската мерка односно по добивање на известување од страна на училиштето за извршување на инспекциската мерка во Државниот просветен инспекторат ќе биде извршен контролен инспекциски надзор“ – велат од Државен просветен инспекторат.

Родителите три месеци бараат да се најде решение.

Ако трае вака како што траат работите нема да биде до крај на школската година.Мислам дека треба да се превземат мерки, има доста објекти празни каде што можат да се носат децата во “Мајски цвет “или школото “Јосип Брзо Тито “втора смена таму е празно.Треба да се најдат начини, да не ги оставаме децата вака како што е – изјави Маир Мифтари – родител.

Од министерството за образование се оградија од одговорност,министерот Шаќири изјави дека тие не давале согласност за организирање на онлајн настава и дека не биле одговорни за воспитно – образовниот процес во училиштата низ општините.

Смешно и жално е министер за образование да даде таква изјава.Значи министерот за образобание не го има ни прочитано законот за основно образование и не знае кои се неговите надлежности.И ние како советничка група побаравме од директорите на основните училишта кои спротивно на закон воведуваат настава онлајн, со одлука на училишниот одбор да си поднесат оставка од функцијата директор – изјави Ален Деребан – ВМРО ДПМНЕ.

Директорката пак на училиштетото Албана Жута не уверуваше дека градежните работи ќе завршеле најкасно до 10-ти фебруари,но ништо од тоа-650 ученици од 6-то до 9-то одделение учат од дома, а оние од помалите одделенија од 1-во до 4-то посетуваат комбинирана настава,односно за нив наставата се одвива во три смени.Децата се изгубија,а ние не можеме да фатиме ред,се жалат родителите кои повеќе се во училиштето отколку дома.Денот ни минува велат во разнесување на децата.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста