Бојаџи: „ТВ Алфа“ е пријател на Албанците и на сите националности кои живеат во Македонија

Телевизија Алфа е пријател на Албанците во Македонија и секаде во светот. Телевизија Алфа е пријател на секоја националност во Македонија. Господинот Али Ахмети да излезе од адреналинот, да ги симне еполетите и да се врати во светот на цивилите каде што нема непријатели. Патем, да посочи еден единствен пример каде што Телевизија Алфа навредила било кого заради тоа што тој е Албанец по националност? Најмоќниот човек во владата на Димитар Ковачевски, господинот Али Ахмети, би било добро да одговори на прашањето дали минатонеделната експресна пресуда на Основниот суд Скопје против Телевизија Алфа а во врска со даночни настани од 2014 година ги има нарачано тој, со цел да се пресмета со како што ги нарекува „непријателите“ од Телевизија Алфа?

Бидејќи е јасно дека ова е предизборна кампања, мене лично како гласач политичарот Али Ахмети ми е поприфатлив кога пее песни во кабинетот со цигара во раката, отколку кога се расфрла со воени повици и непријателства. Колку да не мисли господинот Ахмети дека плаши некого, Алфа Телевизија и понатаму останува на своите уредувачки определби во кои слободата на изразување е првата и последна точка од будалија до демократија. Ако сме за битки, во таа битка Алфа Телевизија ќе се бори со своето најмоќно оружје – вистината и слободата на изразување, вели директорот на Алфа, Јани Бојаџи.

Ова е ставот на директор на ТВ Алфа откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на синоќешната трибина во Гостивар, порача дека телевизиите Алфа и Телма биле „непријатели на Албанците“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста