Бочварски во Црна Гора ќе го става Коридорот 8 на европската карта, каде тој е веќе ставен

Осумката е дел од паневорпските коридори уште од 1994-та, а од 2021-та се смета за дел од трансевропската транспортна мрежа на Европската Унија.

Сепак, денеска доби уште едно значење, барем на хартија. Министерот за транспорт, Благој Бочварски, помпезно во Црна Гора потпиша анекс на одлука што Европската Комисија ја донела уште пред две години.

Денеска ја потпишав Спогодбата помеѓу Македонија и Европската Унија за впишување на овој многу значаен Коридор на оската исток – запад во мапата на главните европски коридори“, изјави министерот Бочварски, вели Благој Бочварски, министер за транспорт и врски

Овој потпис веројатно е обид за амротизирање на реакциите за изградбата на автопатите долж коридорите 8 и 10, во време кога законите за нивна изградба се туркаат на сила, со европско знаменце, и покрај сериозните критики од Европската Унија.

Реков дека секогаш употребата на европското знаменце треба да се направи по претходна вистинска консултација меѓу сите политички партии кога е во прашање усогласување на некој закон со европската легислатива, што во овој случај не е“, вели Дејвид Гир, евроамбасадор 10.05.2023

Официјален Брисел испратил писмо до Владата во кое бара објаснување. Ова го потврдија владини претставници на вчерашниот брифинг.

Европаската Унија, а и македонската јавност се уште чекаат одговори на низа прашања – зошто договорот за „Бехтел и Енка“ е направен во 4 очи и зошто пакетот закони за изградба на коридорите е со европско знаменце, а нема никаква врска со европското законодавство?

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста