Божиновски за анкетата: Народот е незадоволен и сака избори

Предвремени парламентарни избори се единственото решение за функционалност на државата, а и народот е незадоволен од работењето на владејачкото мнозинство. Експертите се децидни дека анкетата на ИСПОС, ја покажа реалната слика – ВМРО-ДПМНЕ ужива поголема доверба кај граѓаните, што е познато уште од локалните избори минатата година, а и протестите против Францускиот предлог кој македонската влада го прифати.

Тенкото мнозинство во парламентот, уште по избоите во 2020 година, се разбира го наметнуваат како логичен заклучокот дека за функционалност на државата се неопходни нови избори. Дополнително се носат исклучително важни одлуки  за иднината на државата, од власт која што го загуби лигитимитетот. На тој начин се создава дополнител гнев кај јавноста, која и онака веќе покажа дека е против сите тие одлуки кои што директно влијаат на оној протест во изминативе пет години за обезличување на Македонија и потпишувањето на тој фамозен француски предлог, вели Владимир Божиновски – аналитичар, професор.

Ниската доверба во премиерот Ковачевски е повеќе од очекувана бидејќи тој не беше избран на легитимен начин, коментира професорот Божиновски. Дополнително, во својот краток мандат донесе одлуки кои беа против очекувањата на народот односно го прифати спорниот Францускиот предлог.

  • Овој премиер не ја ни имаше довербата од народот, тој беше устоличен од страна на Зоран Заев. Овој премиер не се појавил ан избори, овој премиер не ја побарал и не ја добил довербата од народот. Дополнително оние одлуки кои што ги донесе во неговиот краток мандат, пред се, потпишувањето на тој француски предлог, ја изгуби и онаа малку доверба која ја уживање помеѓу поддржувачите на власта, вели Владимир Божиновски – аналитичар, професор.

Анкетата на ИПСОС покажува двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ односно за опозициската партија се определиле 19.7% од испитаниците, а за владејачката 9.5%. Според истата анкета 58% од испитаниците не го поддржуваат францускиот предлог за надминување на спорот помеѓу Македонија и Бугарија. Поддршка дале 26%, а 16% одбиле да одговорат. 36 отсто од испитаниците дале оценка 1 за досегашното работење на Димитар Ковачевски како премиер на Република Македонија. Двојка дале 15 отсто од испитаниците, тројка –  20%, многу добар е премиерот сметаат 11% од испитаниците, а дека е одличен – 8%. Оваа е теренска анкета спроведена од агенцијата ИПСОС, за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, на јавното мислење на 1.014 испитаници за периодот од 01 до 18 јули 2022 година.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста