Блиски роднини на болните татко и ќерка од Битола, се сомневаат дека овие луѓе се изманипулирани и финансиски злоуптребени

Со Ацо се знаеме цел живот, роднини сме, а заедно работевме и во Германија. Бевме многу блиски. Ацо имаше пари и на својата, и на книшката од девојчето. Еден период и јас се грижев за нив, но по само еден месец, ми беше раскинато полномошното, оти ми рече дека за нив ќе се грижела некоја Ана“. По објавата на сторијата на Алфа, се огласи близок роднина на несреќните татко и ќерка од Битола, кој се сомнева дека овие луѓе се изманипулирани и финансиски злоупотребени.

  „Бидејќи долго време се познававме, ми даде полномошно еден месец само. А јас знаев дека има многу пари и сефови. Ама за две години, откако почина братучедата, за една година, година и пол, го соголија. Таа Ана, јас не ја знаев, ама ми ја спомнуваше. Мене кога ми го даде полномошното на книшките имаше, на Кристина и кај него, по 12.500 евра. Таа го тераше изгледа многу пари да подигнува“, – објаснува Пецо Петрески од Демир Хисар, роднина на Алекса Сидоровски.

   Во последниве неколку месеци, Петрески вели дека Алекса често му се јавувал, барајќи помош.

   „Рече, Пецо иди побрзо, оти оваа сака да ме носи в банка. Се вратив јас во станот, појдов и таа веќе го зела. Таа жената што беше, што им прави јадење, рече – „Пецо, го зеде сосила в банка“. Одам в банка, тој лежи во колата долу во скопска банка, таа внатре да ги прави документите. По мојата реакција ги искинаа документите прво, после му направија нови и после него го прислија и го поништи полномошното мое. Тогаш подигнале 4.000 евра“, – ни рече Пецо Петрески.

   Загрижен за ваквиот развој на настаните, Пецо на неколку пати случајот го пријавувал и в Полиција, а и во ЦСР во Битола. Но, вели дека никој ништо не презел, по што тој се откажал за да не си прави проблеми. Сега, стравува што се има случено и со сопственоста врз станот.

  „Двапати во Центарот пријавував во Битола. Во Полицијата. Секаде реагирав, никој ништо не покренуваше“ – раскажува Пецо.

  Според Петрески, сега таткото и ќерката биле сместени во Душевната болница во Демир Хисар. Тој е гневен на таквата одлука, бидејќи вели дека овие луѓе не се за таму, а имале и пари за да бидат сместени во соодветен Дом, како што и тој самиот барал во изминатиов период, ане му било дозволено. Петрески е решен целиот случај повторно да го пријави, овојпат и во Обвинителството

 Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста