Блинкен: Сега е време Шведска да влезе во НАТО и Турција да добие авиони Ф-16

„Сега е време“ Турција да ги отфрли своите приговори за влез на Шведска во НАТО, истакна американскиот државен секретар Ентони Блинкен на заедничката пресконференција со шведскиот премиер Улф Кристерсон.

Блинкен исто така рече дека администрацијата на Џо Бајден е убедена дека на Турција треба да ѝ се обезбедат модернизирани ловци Ф-16 „што е можно поскоро“.

Тој инсистираше на тоа дека двете прашања се различни, но и дека завршувањето на двете драматично ќе ја зајакне европската безбедност.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста