Благојче Атанасовски: Нема да има уставни измени, туку политичка криза која ќе се реши со предмвремени избори

Ако не се случат уставните измени, Македонија ќе влезе во политичка криза, а разрешница се предвремените парламентарните избори, според мене до септември ќе имаме финале.

Во многу краток период гледаме дека ластовичките го напуштаат јатото, малите партии најавуваат дека излегуваат од коалицијата. Гледаме со малите партии што се случува, Павле Трајанов од ДС, исто така Маја Морачин од ДОМ најави напуштање на коалицијата. Изјава против „Бехтел и Енка“ имаме од ВМРО – Народна партија., вели Атанасовски во емисијата „За или Против“.

Во однос на уставните измени политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски вели дека за многу краток период ќе видиме дали лидерот ќе опстои на тврдиот став, а секако власта ќе мора неморално да дејствува за да најде 8 или 9 пратеници за да има мнозинство. Условите на Бугарите се неприфатливи, кога власта ќе види дека лидерот на опозицијата нема да отстапи ќе бараат начин за да спроведат нов „Преспански договор бр.2“. За краток период цела јавност ќе го види финалето со уставните измени

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста