Битката за лекот „Трикафта“ на Игор Пехчевски прерасна во јавно препукување

Битката за лекот “Трикафта” на Игор Пехчевски прерасна во јавно препукување  и нови обвинувања од него. Тој во најновата порака за болните од цистична фиброза прашува зошто Асоцијацијата која треба да се залага да има лек за сите му свртела грб? Порача дека и покрај поделбите нема да се откаже. Жали што не се избориле за еднаквост меѓу нив.

  • „Овој демант е упатен од 12те луѓе кои што го земаа лекот, овие другите, сите до 68 се плашат да проговорат. Мислат дека македонската јавност ќе ги сфатат погрешно. Се плашат да кажат за својата здравствена состојба.“ – Вели Пехчевски.

Пехчевски предупредува дека третманот кон него на клиниката и натаму бил лош. Вели дека дури му повикале и психијатар.

  • Дојде со фиксниот телефон, на телефонот беше псиихијатар. Ми даде да разговарам. човекот ми кажа дека нешто бил спречен. Знаете, празници е, го разбирам потполно. Но, кога те присилуваат да одиш на некое место. Да му правиш на човек нешто што не му е потрбно. И јас и така пијам по 40 капсули по оброк и овие што ги земаме од странство. Ние немаме никава потреба од психијатри и психолози. – Додава Пехчевски.

Директорката Фуштиќ ги демантира обвинувањата на Игор.Според неа неговата здравствена состојба не е толку лоша и може да се одржува стабилна со венската антибиотска терапија додека се чека да пристигне лекот за сите пациенти заболени од Цистична фиброза.

  • Почнавме со терапија кај пациенти кои со во потешка  состојба. Кои имаат капацитет од околу 40% Неговиот е околу 70%. Му реков дека кога ќе има терапија за повеќе и за пациентите со умерена белодробна болест, ќе ја добиеш терапијата. Не е само Игор. Има и други кои сакаат попрво да дојдат до таа терапија. Меѓутоа, ако излеземе од критериумите кои што сме ги поставиле, ќе направиме хаос. Истакна – Д-р Стојка Фуштиќ, директор на клиниката за детски болести

Инаку, Од Асоцијацијата за цистична фиброза се оградија од изјавата на Пехчевски. Тој вчера објави дека директорката на Детската клиника од почетокот не е во добри односи со него, поради тоа што преку медиумите и социјалните мрежи постојано алармирал за својата тешка состојба и го бара лекот „трикафта“.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста