Бизнисот со низа критики за изградабта на Коридорите 8 и 10д

Низа критики на адреса на Владата од бизнисот за изградабта на коридорите 8 и 10 д. Стопанството прашува зошто македонските компании да не добијат 1.3 милијарди евра за да градат , и зошто воопшто не се консултирани . Дали привилегиите кои ги добива Бехтел и Енка ќе ги добијат домашните компании ? За да се оправда пред бизнисмените, Груби ја собра половина Влада во стопанската комора.

 Ние разговараме за парите кои ќе се трошат и кои бенефити ќе ги имаме ние бизнисмените од него. Кога конкурираме на европски или светски пазар ни бараат гаранција и референци, ние тоа го обезбедуваме. Вие и целата влада не ни дадовте можност да се докажеме и во земјава и затоа ми е криво. Не ни дадовте можност ниту да дадеме мислење за утврдување критериуми, ниту овозможивте 1,3 милијарди евра да ги работи некој домашен конзорциум, а можевме да го направиме тоа, ако бевте доволно транспарентни, рече Ангелка Пеева од бизнис секторот.

Пак реагираат и антикорупционерите. Велат има многу спорни точки во договорот што отвораат сомнеж за одговорност. Спорни се и законските измени.

И понатаму се отвораат сомнежи за законите , вели Катица Николова од ДКСК.

Груби пак беше среќен што добил прилика да зборува пред стопанската комора, оти до сега се занимавал само со политика. Уверува дека повеќе од 70 отсто домашни компании ќе ги вршат работите на коридорите, негираше дека ќе се плаќаат пенали.  Во однос на наводите од антикорупциска, вели ако имало сомнеж тогаш требало да се укине можноста за скратени закони во собрание

Ние мора да ги почитуваме деловните тајни на компаниите, но клучните ставки од договорот не се тајна. Нема пенали кои треба да се плаќаат. Досега не се исплатени никакви пари. Првата исплата ќе биде авансно плаќање на почетокот на изградбата. Секоја исплата ќе биде објавена на сајтот Отворени финансии, рече Артан Груби .

Владата уверуваше дека законите се носат врз основа на донесениот специјален закон за токму Бехтел и Енка да биде избран за проектот .

Овие измени само треба да овозможат брза реализација на овој и  на идни проекти кои се од инфраструктурата , рече Благој Бочварски, министер за транспорт и врски

По однос на укинувањето на акцизи , тоа се правело за да не сме плаќале уште повеќе даноци .  Коридорите ќе влечат 250 милиони евра годишно од домашниот буџет.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста