Бизнисот контра власта- Стопанствениците предлагаат намалување на ДДВ или да се активираат државните резерви

Бизнисот категорично ги отфрла актуелните политики  на власта за ставање на производите под мраз. Мерката не е одлика на  пазарната економија кон која треба да се стреми државата, а  наместо замрзнување на цените,  Владата да  даде таргетирана помош кон граѓаните кои не можат да платат. Од стопанската комора сметаат дека  не е обврска на производителите да се грижат за социјалниот статус, туку на државата, а товарот не треба да падне само на една гранка во економијата туку на целата индустрија .

Прашањето е  дали е обврска на пекарот да се грижи за социјалниот статус , или функционирам во пазарна економиа . Зошто да го субвенционирате оној што може да плати , Цената треба да е пазарна , а државата да даде таргетирана помош, рече Зоран Јованоски – Потпретседател и советник во Кабинет на претседател на Стопанска комора

Дека замрзнувањето на цените ја ограничува слободата на пазарот согласни се и од Стопанската комора на северозападна Македонија.  Предупредуваат, дека мерката може да донесе неквалитетни производи за граѓаните. Бараат државата да изнајде други механизми за да имаме поевтини производи, на пример преку  намалување на ДДВ-то или интервенција преку државните резерви.

Не се согласуваме со замрзнување на цените,  тоа може да доведе до неквалитетна роба за граѓаните . Да се најдат нови алтернативи , да се интервенира со државни резерви или со намалување на ДДВ-то, смета Менди Ќура претседател на  Стопанска комора на северозападна Македонија

Наспроти несогласувањата на компаниите , власта секоја недела замрзнува по еден производ. Прво ја замрзна цената на лебот, па макароните, потоа млечните производик, а како последно и на јајцата и оризот.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста