Бизнисот дели откази откако помина рокот наметнат од државата, Владата без конкретна стратегија

Отпуштени работници и намалени плати, ова се случува деновиве во фирмите кои чекаа да помине периодот од државната помош до кога не смееја да делат откази. Луѓе остануваат без работа, Владата знае. Заев ветува ќе се изнајделе решенија , ама не кажува ништо конкретно.

Бројките на отпуштени работници неприродно пораснаа од 12-13.000 на 22-23.000, а по некои статистики и на 30.000 невработени што се случија во овој период, но не се 140.000. За нас е важно секое работно место и затоа треба да знаат деловните луѓе дека државата продолжува да помага. Сакаме да им се најдеме, но не можат да очекуваат директна помош и поддршка ако не водат грижа за својот највреден капитал, а тоа се работниците, рече Заев.

На средбата со бизнисмените од Сојузот на стопански комори, Заев денеска беше прашан пред нив – каков е тој стимул за бизнисмените што е предвиден во владината програма за вработување по етничка основа, зошто тоа се нагласува во програмата а не мерит системот, на пример? Заев денеска пак ја демантираше неговата програма тврдејќи дека квалитетот а не етничката припадност треба да била пресудна. За бизнисот пак поважно е да се решат економските проблеми што ги тиштеле претприемачите.

Секако државата во своите јавни институции може да креира мерки кои би значеле рамноправност, еднаквост, кај сите граѓани, а тоа значи ворелокација на средства преку капитални инвестиции по региони, каде што граѓаните се посиромашни, додаде Заев.

Претседателката на комората, Даниела Арсовска ги кажа приоритетите кои треба да веднаш да почнат да се реализираат за справување од кризата и секако економско закрепнување.

Во следниве неколку месеци приоритет е директната таргетирана финансиска помош, која  е неопходна за опстојување на фирмите и покривање на основните месечни трошоци. Секако тука спаѓа и одложувањето или репрограмирање на кредитите, аконтациите за даноци и другите финансиски оптоварувања минимум до крајот на годината, рече Арсовска.

Бизнисмените алармираат дека следните пакет мерки мора да се договорат со стопанските комори и синдикатите, за да може да има општествена оправданост за нивно носење.

Барем за сега нема проценка колку луѓе може да останат без работа поради економската криза предизвикана од пандемијата со Ковид 19.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста