Беспарицата ќе ги остави граѓаните дома за Нова Година – долгата криза го задушува претпразничниот восхит

Беспарицата и економската кризата дефинитивно ќе ги остави граѓаните дома за време на новогодишните празници. Тие пред камерата на Алфа се пожалија дека ниските и нередовни примања си го направиле своето, па затоа не размислувале празниците да ги поминат надвор од градот. Велат дека поминало времето кога оделе во хотел или пак некаде надвор од државата.

  • Дома, кај може без пари, дефинитивно дома, со најблиските. Актуелната состојба, лоша финансиски не ни дозволува да одиме некаде, ниту пак по кафани да седиме, за жал тоа е. Ќе се помириме годинава со тоа. Се надеваме дека следната година ќе биде подобро, велат граѓаните пред камерата на Алфа.

Дека ништо не наликува на предновогодиншна атмосфера, доволно е да се направи обиколка околу главниот град. Насмевки на лицата има се помалку, а граѓаните не чувствуваат дека се ближат празници.

  • Да ви кажам искрено, ме утепа депресија, видете на што личи ова, катастрофа – главен град е, метропола, а уствари мизерија, не знам што да кажам, но можам да кажам едно: Тешко вас помладите, жално, и јас што сум стара па ме депримира оваа лоша атмосфера, вели една скопјанка пред нашата камера.
  • Да се штеди тоа е во ред, меѓутоа не мораше дотолку да се штеди на новогодишниот амбиент. Трета година сме во некаква криза. Прво беше ковидот, сега оваа состојба и морам да кажам дека сето тоа донесе огромна депресија кај сите нас. За да се израдуваат нашите деца, трчаме по големите молови наместо како некогаш, центарот на сите случувања да ни е плоштадот, велат грѓаните.

Оние помладите граѓани, рас е поинак велат дека ќе прослават надвор од границата.

  • Оваа година планирам да одам во Белград, таму ќе бидам со пријателите и ќе седам таму три дена, а после тоа пак ќе се вратам назад во Скопје, вели за Алфа млад скопјанец.

На градскиот плоштад наместо новогодишен сјај, има елка, неколку куќички за продажба на пијалоци, храна и ништо повеќе.

И додека во метрополата не се чувствува ниту предновогодишна атмосфера и еуфорија, во помалите градови се украсува за колку толку да се најави дека доаѓа Нова Година. Во моментов, Крива Паланка е еден од најдобро украсените и осветлени градови во Македонија. Поставена е новогодишна елка, светилки, украси.

Главно, скопјани жалат што најмладите нема да го видат традиционалниот новогодишен сјај на градот, па затоа укажуваат дека треба да се најде начин да им се доближи новогодишната магија на најмладите, па дури и во овие услови со редуцирани средства.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста