Бесими: Со зголемувањето добив плата од 125.960 денари

Еден по еден владините министри кажуваат колкави им се платите со последното зголемување од 78% колку што се офајдија функционерите во државата по одлуката на уставниот суд. Денеска тоа на брифинг го сподели и министерот за финансии, кој сепак не кажа од каде ќе има пари во државната каса за оваа намена.

125.960 денари. Толку пари за април му легнале на министерот за финансии Фатмир Бесими, согласно новото зголемување за 78%. Како што пресмета денеска на брифингот со новинарите, до сега земал 71.145 денари. Рече дека

зголемена плата за 78% им се исплаќа на 1.060 функционери и дека за таа намена до крајот на годинава од Буџетот ќе се потрошат дополнителни 960 милиони денари. Од каде ќе најдат пари од буџетот, однсоно од која ставка се пренаменети, министерот не кажа.

  • Добро е што Уставниот суд го укина спорниот член од 2012 година за коефициентите на платите наместо да го поништи. Ако го поништеше на функционерите ќе требаше да им се исплати застостанат долг за речиси 11 години со затезни камати, рече Бесими на средбата со новинарите.

Функционерите си ги зголемија своите плати, но за останатите сега не било време. Според Бесими ако се направело тоа сега ќе се продлабочела инфлацијата. Но затоа тој ќе се залагал платите во ајвниот сектор да се зголемат ама од наредната година. Според него, платите во јавниот сектор треба да растат согласно продуктивноста.

Со последното зголемување Бесими добива висока плата, но не и највисока. Од владините министри со најновото зголемување најмногу ќарува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој месечно ќе добива по 153.000 денари, или нешто помалку од осум минимални плати. Највисока во Владата е онаа на премиерот КОвачевски кој ќе добива 165.000 денари. Јавноста единствено не слушна од министерот за земјоделство кој ги загубил картичките па не знаел колку пари имал по основ на плата.

Инаку, Уставниот суд укина одредба од Законот за плати за коефициентите на плати со која се овозможи на јавно избраните функционери да им се зголемат платите за 78%. Одредбата за коефициентите на плати донесена во 2012 година пред Уставниот суд беше оспорена од адвокат. Со неа покрај владините функционери опфатени се и пратениците, градоначалниците, судиите.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста