Бербок: Берлин силно го поддржува Скопје, но Уставот стои на патот

Започна дипломатска офанзива за да се убеди Македонија по којзнае кој пат да го промени Уставот за да направи чекор напред на трнливиот пат кон Европската Унија. Посетата на германскиот федерален претседател, па на канцеларот и сега јас не е случајно, вели германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок која е во посета на Македонија за да не потсети дека без Бугари во Уставот, на патот до Брисел Македонија ќе застане, иако уште не сме тргнати.

  • „Кога станува збор за спроведување на договореното и кога навистина мора да се промени уставот, тогаш може само да ве охрабрам, не само како претставник на владата, туку до сите демократски учесници им се обраќам, искористете ги сите расположливи средства за процесот да може да продолжи и тоа во следните месеци.“ Истакна германската министерка Бербок.

Таа додава оти била свесна какви тешки компромиси и отстапки сме направиле досега, но, сега морало повторно, овој пат, освен чекор кон ЕУ и за да не си оделе младите од кај нас.

Министерот Османи пак, иако во иста линија со странските убедувачи, во негов стил, преку предупредувачка реторка.

  • „До ноември ако не се завршат, преговорите прекинуваат со сите психолошкли и административни последици. Второ, Албанија сигурно ќе го продолжи патот. Трето, со постигнатиот договор помеѓу Србија и Косово во Охрид, сигурно ќе има нова, забрзана патека за западен балкан, за да се наградат тие кои беа конструктивни во разговорите, тоа значи дека ние пак ќе останеме изолирани во наредните десет години.“ – Вели Министерот Османи.

Германската министерка најави дека во декември повторно ќе ја поседи Македонија.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста