Белата куќа негира вклученост во нападите со биспилотни летала врз Кремељ

Како што исвестува високата дипломатска дописничка на Гласот на Америка, Синди Сејн во Белата куќа, од таму велат дека го истражуваат наводниот напад со беспилотно летало, за кој Русија тврди дека е неуспешен обид на Украина да го убие рускиот претседател Владимир Путин. Портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби рече:

„Едно нешто што можам да ви кажам со сигурност е дека Соединетите Држави не беа вклучени во овој инцидент на било кој начин, спротивно на лагите на г-дин Песков – а тоа се тие, само лажат“, рече Кирби.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно во четвртокот ги обвини Киев и Вашингтон, без да обезбеди никакви докази за нивната вмешаност во нападот.

„Овие обиди да се негира ова, и од Киев и од Вашингтон, се апсолутно смешни. Ние многу добро знаеме дека одлуките за такви акции, за такви терористички напади, не се носат во Киев, туку во Вашингтон. А, Киев прави она што му е кажано да се направи“, рече Песков.

Во четвртокот на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на истрага за воени злосторства против Путин. Тој претходно рече дека Украина е премногу зафатена да се брани од руските напади за да може да изврши таков напад врз Кремљ.

„Ние не го напаѓаме Путин или Москва. Ние се бориме на наша територија, ги браниме нашите села и градови. Немаме доволно оружје за ова“, реле Зеленски.

Во Брисел, шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, испрати предупредување до Москва.

„Ја повикуваме Русија да не го користи овој наводен напад како изговор за продолжување на ескалацијата на војната. Тоа е она што не загрижува“, рече Борел.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи рече дека сите страни „треба да се воздржат од каква било акција што може дополнително да ја ескалира ситуацијата“.

На прашањето за понудата на Пекинг да посредува за завршување на руско-украинската војна, државниот секретар Антони Блинкен рече дека САД ќе ги поздрават напорите на секоја земја кон праведен и издржлив мир.

„Треба да се започне со неколку работи. Прво, треба да биде јасно дека во овој случај, има жртва и има агресор. Нема морална еквивалентност помеѓу двете позиции. Морам да кажам до неодамна, беше многу нејасно дали Кина го прифати тој основен принцип. Сè уште не сум сигурен дека го прават тоа, но барем претседателот Шји разговараше со претседателот Зеленски“, рече Зеленски.

Кина досега не ја повика Русија да ги повлече своите трупи од Украина.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста