Бектеши се извини за скандалозниот однос кон новинарите, јавноста бара одговорност

Иако ова не му е првпат да влегува во конфликт со новинари сепак денеска министерот Кресник Бектеши одлучи да им се извини за вчерашниот инцидент околу прашањата за цената и начин на набавка на природен гас. Тој денеска на својот Фејсбук профил упати извинување во кое вели дека вчерашната кавга со новинарите е недоразбирање кое може да се случи во секојдневната комуникација со новинарите.

Несомнено е дека новинарите имаат клучна улога во нашето општество, нивниот придонес и работа е многу важен во најефикасното и најтранспарентното функционирање на државните институции. Но, при нашата транспарентност, при секојдневното соочување со новинарите за прашањата за кои сме и надлежни, може да дојде и до недоразбирања во различни ситуации, пишува на својот Фејсбук профил, министерот Бектеши.

Ова следува откако вчера министерот влезе во конфликт со неколку новинари.

Вие не сте повикани тука да давате коментари, да поставувате прашања, ако мислиоте дека на прес центарот можете да давате коментари, тоа може да го направите во вашите емисии, рече Бектеши.

Ова не му е првпат на Бектеши да има бурна реакција на новинарски прашања.

Вака сега, мислам дека секој ден треба да даваме одговор на исти прашања“, рече Бектеши во октомври минатата година.

По инцидентот во прес центарот на Владата реагираа сите новинарски здруженија во земјава како и Агенцијата за аудиовизулени медиумски услуги. Тие се на иста линија дека однесувањето на министерот ја загрозува слободата на медиумите и врши притисок врз новинарите да не поставуваат важни прашања за јавноста.

Етикерањата на власта кон медиумите не е новина за владините челници. Пред неполн месец првиот човек на Владата директно ги навреди телевизиите Алфа и Телма. За лидерот на ДУИ, Али Ахмети пак овие две телевизии беа антиалбански.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста