Без реформи нема ЕУ – нови пораки на критики за македонските власти

Само храбри лидери со политичка волја можат да се борат против корупцијата и криминалот, функционерите да го гледаат интересот на граѓаните а не својот интерес, институциите не работат транспарентно и независно, граѓаните ви се разочарани затоа што не веруваат дека во Македонија владее начелото на еднаквост – остри критики на адреса на власта стигнаа од високиот американски дипломат Ерик Мејер. Заменик шефот на мисијата на САД смета дека залудни се сите законски и уставни измени кога немаме реформи во ризичните области – а тие реформи се многу повеќе од празни дискусии и промени на хартија.

Избраните функционери мора да им служат на своите гласачи а не на сопствените интереси. Мора да се борат против корупцијата. Институциите и судството мора да дејствуваат транспарентно и независно, но тоа не го прават. Зборуваме за нешто повеќе од само пишување или подготвување на реформи, нешто повеќе од вакви дискусии, не само за достигнување на цели на хартија. Се работи за нешто пореално, поконкретно. Вистинските реформи значат промена на културата, да се почне дасе работи во име на граѓаните. Немаме видено таква искрена вистинска заложба, заради тоа, според последнит еистражувања, помалку од 5% доверба во судството. Премногу граѓани сметаат дека не живеат во земја каде владее начелото на еднаквост – изјави Мејер.

Долгите дискусии на Советот на амбасадори поминаа во знакот сериозни забелешки за македонското правосудство и работата на функционерите. Според евроамбасадорот Дејвид Гир реформските процеси назадуваат, потребни се специјализирани и независни институции, јакнење на Собранието.

Потребни се важни и видливи реформи, во борбата против корупцијата. Јакнење на Собранието, специјализирани и независни инстуции. Независно судство и обвинителство. Се бара поголема анализа, што вие правите во реформите. Реформските процеси во некои области се враќаат наназад – изјави Гир.

Претседателот Стево Пендаровски смета дека сме биле убедливо најподготвениот кандидат за членство во ЕУ. Но за да продолжиме по тој пат потребен бил реален консензус, а првиот чекор се уставните измени.

Нема да ја рушиме државата ако ги ставиме Бугарите во Уставот. Главната обврска е на нас. Потребен е национален консензус да продолжиме кон Европската Унија. Прва обврска во таа смисла е промената на Уставот. Таму ќе се покаже дали ние сме за ЕУ – изјави Пендаровски.

И покрај критиките од меѓународниот фактор, вицепрмеиерот Бојан Маричиќ верува дека 2030 година е реална временска дистанца за исполнување на европскиот сон. За да оди реформскиот процес напред, вели, треба да бидат вклучени сите политички чинители.

Вистинскиот национален консензус за Европската Унија за жал кај нас се уште не е постигнат од сите политички актери, затоа што до сега во најголем дел бил само декларативен. Потребен ни е консензус со одговор на прашањето од сите политички чинители дали сакаме да станеме членка на ЕУ не под условите кои ние сме ги замислиле, туку под условите кои реално се на масата – изјави Маричиќ.

Дека состојбата со корупцијата е алармантна, покажуваат секојдневните критики од претставници на земји кои се стратешки партнери на земјава. Иако навидум државниот врв покажува ентузијазам да се бори против корупцијата, таа и натаму се појавува како хроничен проблем за кој засега нема ефикасен лек. 

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста