Без Албанците нема да ја има ниту Македонија: Со чашка вино во Тирана кај Еди Рама се договараше македонската иднина

Без Албанците нема да ја има ниту Македоија, среде албанската метропола се договарала македонската иднина. За европската судбина и болната промена на уставот среде Тирана разговарале Еди Рама, Али Ахмети, Арбен Таравари, Африм Гаши и Мендух Тачи, а на одвоена средба и Билал Касами. Наместо пред македонскиот премиер Димитар Ковачевски, слично како и кога се појави Тиранската платформа, Македонија повторно беше тема на разговор пред албанскиот премиер Еди Рама.

-Средбата е пријателска и братска, темите ќе видиме да ги разгледаме сите теми кои што мислиме дека се корисни, особено ме интересира зајакнувањето на заедничката стратегија за приближување на патот кон Европската Унија, а тоа е исклучително важна мисија за нашите земји, исклучително важна за зајакнување на мирот, стабилноста и напредокот на економијата. И тука најмногу ќе го фокусирам моето внимание, изјави Ахмети.

Во Тирана се разговарало и за уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот. Останува прашање дали можеби тема биле и албанските барања, односно целосното израмнување на македонскиот и албанскиот јазик, со бришење на 20 проценти за вториот официјален јазик.

И за овие теми наместо со македонските власти, лидерите на албанските партии најверојатно заеднички став договориле со албанскиот премиер. Дека сите се согласуваат со измени на Уставот ни порача првиот човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари. 

-Да, меѓу другото разговаравме и за уставните измени. Познато е дека нема ниту еден лидер на албанска политичка партија во Македонија кој не ги поддржува уставните измени, со единствена цел во ноември да почнат реалните преговори со ЕУ, изјави Таравари.

Братски во Тирана си поминал и Мендух Тачи. И тој со Еди Рама ја кроел македонскта европска иднина, ама не зборувал за ништо поконкретно.

-Братска средба си посакавме една на друга и на сите Албанци нова година. Зборувавме за нашата заедничка иднина на патот кон Европската унија, а не за нешто поконкретно. Ви благодарам! Среќно!, изјави Тачи.

На одвоена средба во Тирана беше и лидерот на БЕСА, Билал Касами. За разлика од другите албански лидери, неговата реторика не се однесуваше на европската иднина за Македонија. Првиот човек на Тетово повеќе интерес изгледа покажал за падот на ДУИ од власт.

-Да, оваа Беса, со оваа политичка сила ве победи двапати по ред во главниот град на Албанците во Македонија- Тетово. Овој пат никој не може да ве спаси од пораз на следните избори, кога и да се одржат!, порача Касами.

Не е прв пат место во Скопје македонската судина да се крои во Тирана, така беше и пред шест години. Кога Еди Рама и лидерите на албанските партии од државава ја скроија Тиранската платформа, која тогаш беше услов за ДУИ да влезе во Владата, а сега шест години години подоцна е исполнета речиси целосно.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста