Барања за разрешување на директорите на две училишта во струшко поради онлајн настава

Директорките на струшките основни училишта „Браќа Миладиновци ” и подрачното училиште „Јосип Брзо Тито” во село Враништа да бидат веднаш и соодветно санкционирани затоа што на своја рака и противзаконски одлучиле наставата во второто полугодие да се одвива онлајн поради реновирање на училишните згради-бараат гратските советниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

Конкретните основни училишта имаат поднесено барање до Советот на општина Струга да донесе одлука за одржување на онлајн настава поради реноворање на училиштата.Согласно законот за основно образование онјалн настава може да се организира само во утврдено постоење на кризна состојба: прогласена епидемија односно пандемија, поплави, пожари и други големи природни непогоди.И за тоа одлука треба да донесе Владата, а не Советот на општината-вели советникот Ален Деребан.Дополнително појаснува дека согласно законот за локална самоуправа и законот за основно образование,гратскиот Совет нема никаква надлежност да одлучува за одржување на онлајн настава или пак за одржување на настава во тие училишта со скратено времетраење.

Бидејќи во конкретните училишта директорите веќе спроведуваат онлајн настава за одредени ученици, а за останатите го имаат скратено времетраењето на часовите спротивно на закон,тие веднаш мора да бидат разрешени и да понесат соодветна одговорност затоа што со таквото незаконско постапување ,тие вршат груба повреда на уставното загарантирано право на образование на учениците кои посетуваат настава во тие основни училишта – изјави Ален Деребан – советник од ВМРО-ДПМНЕ

За овој проблем,Алфа уште вчера испрати допис до министерството за образование,прашавме:

Дали е точно дека двете струшки основни училишта „Браќа Миладиновци и подрачното училиште во село Враништа не побарале дозвола од министерството за образование, наставата да се одвива онлајн? До кога ќе трае реновирањето на училишните згради и дали беше неминовно тоа да се врши сред учебна година? 

Зошто ваквите зафати не се изведуваат во лето кога децата се на распуст и во колку училишта во државава наставата се одвива онлајн заради реноворање на училиштата ? И ова се дел од прашањата на кои не добивме одговор.

Наставата од дома ја следат учениците од 5-то до 9-то одделение во најголемото основно училиште во Струга, Браќа Миладиновци и сите ученици од училиштето во Враништа-вкупно околу 1000 деца.Неизвесни е дали до крај на годината тие ќе се вратат во училишните клупи.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста