Бавно им оди прибирањето на информациите на антикорупционерите за изградбата на коридорите

Во скоро време не се очекуваат резултати од предметот што го отвори антикорупциската комисија за надзорот над патиштата што ќе ги гради „Бехтел – Енка“. антикорупционерите велат дека се соочуваат со проблеми прибирајќи ја документацијата, бидејќи институциите се прогласувале за ненадлежни. Од податоците кои ги имаат, велат дека станува збор за многу обемен материјал и тежок случај, поради тоа што е голем тендер и со висока вредност. Антикорупционерите неодамна отворија предмет за ангажирањето на компанијата „Ептиса“ како подизведувач во проектот за изградба на автопатите. Тие ги проверуваат инфорамциите кои велат дека компанијата имала забраната од државата да биде ангажирана на градежни надзори поради неетичко и непрофесионално однесување, но пред тендерот Владата ја поништила забраната.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста