А по се изгледа, власта ја почна годината како што ја заврши минатата, обвиниена во афери

2022 – година во која немаше месец без да има скандал кој ја тресеше Владата на Димитар Ковачевски. Секогаш во центарот на вниманието беа или тој или неговите најблиски соработници вмешани во афери за кои најчесто немаше разрешница.

Новинар: Како ќе функционирате?
Али Ахмети: Како до сега.
Димитар Ковачевски: Како до сега.

Последната за која јавноста чека епилог е онаа со издавањето државјанство на контроверзниот украинец Олександар Онишченко.

  • Се работи за една алка во тој систем која што направила голем пропуст, која има потенцијал да ја компромитира работата“, изјави Димовски.

По сето ова Викор Димовски си ги пакува куферите, но за да замине во Париз како амбасадор.

Токму дипломатијата ја погодија најмногу земјотреси. Владините одлуки Теута Арифи да биде амбасадор по изгледа каде било, беа одбиени од три места: Брисел, Њујорк и Анкара. Друштво и прави и Љубомир Фрчкоски кој беше одбиен од САД за македонски амбасадор во Вашингтон, па Владата реши да го пресели во Њујорк во Обединетите Нации. И намерата, водителката Бесмира Ејупи да стане конзулка предизвика бура реакции во јавноста, а беше причина и за мала нервоза кај владиниот пи-ар.

 -На отворената седница на Владата немаше точка со ова кадровско решение, изјави Душко Арсовски, портпаролот на Владата.

Нервозни беа сегашниот и поранешниот министер за надворешни. Преку социјалните мрежи се докажуваа кој направил поголемо предавство на Македонија: дали Димитров со потпишувањето на првиот протокол со Бугарија или Османи со вториот.

  • Потпишувајќи го единствениот Протокол, мојот претходник ја обврзал и Комисијата, но и земјата, пред целиот свет..тврдеше Османи.
  • Интересно што полесно сте нашле некоја бугарска верзија, отколку македонската напиша Димитров.

И покрај серијата скандали, Владата најмногу беше стресена од прифаќањето на Францускиот предлог што резултираше со масовни протести откако премиерот за 24 часа го смени мислењето – во Брисел кажа категорично „не“ а потоа во Скопје рече „да“.

  • „Во ваква форма, каква што е во моментов, е неприфатлив за мене“ рече Ковачевски на 23.06.2022.
  • Со сета одговорност кажувам дека ова е добар предлог“ рече Ковачевски на 12.07.2022.

А веројатно најнервозен беше спикерот Џафери па удри по обичните работници.

  • Сите од служба, конкретно седници, веднаш кај мене. Покрај седници, сите позади што седат, сите до еден. Вие што сте на плата и уште си е*авате мајката овде. Ајде бегај, бегај таму, бегај! Сус бре, да ти е*ам! Што бараш ти овде? Бегај таму излези, порачува Џафери.

Но за синот немаше грижи бидејќи тој пред да дипломира си положил правосуден испит и ќе ја заврши на Академијата па ќе биде судија или обвинител.

После Драги Рашковски и неговиот наследник во Генералниот секретаријат Мухамед Зеќири заврши на обвинителна клупа. Зеќири се товари за проневера на 1 ипол милион евра.

Но, и покрај се, владините функционери немаа проблем да живеат на висока нога. Премиерот најавуваше штедење…

  • Владата презеде мерки за ригорозно штедење..рече Ковачевски – премиер.

А какви трошоци се јунешки бифтеци, рамстекот, морски плодови и уште што не, кои се купуваа со народни пари?

  • Јунешки бифтек свеж добиен од млади говеда од 18 до 24 месеци старост А категорија на говеда, пакувано пластична кеса и истата во картонска кутија, тежина на поединечно пакување од максумум 10 килограми, пишува во јавната набавка.

Ама затоа за граѓаните:

Уште еден скандал го потресе премиерот – зошто не служел војска?

  • Јас кога завршив со студиите, потоа се запишав на магистерски студии и откако заврши целиот тој процес во државата веќе немаше служење на воен рок“ – исткна Ковачевски на 31.01.2022.

Контрадикторните одговори никогаш не добија разврска. Димитар Ковачевски не бил способен за војска, но е и повеќе од способен за бизнис. Неговото решние за економски напредок и на Македонија и на неговото семејство е – сите да произведуваме струја.

Освен за сопругата, премиерот тешко се одделува и од кумот па така преку државната каса му помогнал со субвенции од 203 илјади евра за што обвини опозицијата, а Ковачевски постојано демантираше дека има било каква вмешаност.

  • Никогаш се нема случено, освен еднаш, сега втор пат.. рече Ковачевски.
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста