Ахмети се обидува да се испере: Не била Алфа виновна, гледачите биле лоши

Не биле телевизиите виновни, гледачите биле лоши, се правдашe Али Ахмети обидувајќи се да измисли нови реченици кои не ги кажа во првичната скандалозна изјава кога ги нападна Алфа и Телма дека се антиалбански телевизии. Сепак ни денеска не покажа доблест да се извини. Ни одржа лекција дека „сме требале да работиме за правилно да сме ги ориентирале граѓаните“.

-Тоа не се однесуваше кон телевизиите, туку поради различните реакции кои што постојат меѓу граѓаните и кои што се поттикнати. Сметам дека граѓаните треба да бидат правилно ориентирани. Најважно е дека треба да се ориентираме правилно, поточно да научиме од минатото, изјави Ахмети.

На вечниот лидер на ДУИ не му се допадна прашањето поврзано со евентуален пад од власт. Не одговори прецизно дали е свесен дека кој влегол во битка со медиуми не опстоил долго на тронот, и упорно не убедува дека зборувал вистина.

-(Дали сте свесни дека кој се чепнал со медиумите на власт не опстоил долго после тоа?) Да ја кажеш вистината знам дека е болно. Но имаме одговорност како политички партии, како општество, како општествени организации и како медиуми како ги ориентираме граѓаните, изјави Ахмети.

Али Ахмети барем се обидува да се испере за својата скандалозна изјава, за разлика од него Димитар Ковачевски засега го нема во јавноста да се извини за етикетирањето на национални медиуми.

Нападите од власта кон Алфа не се никаква новост. Ова не е прв пат телевизијата да им биде трн во око на политичарите. Нашиот медиум подлог период се соочува со притисоци од институциите на оваа влада, а телевизијата често е домаќин на различни инспектори, истражители, обвинители. И покрај сите проверки и чешлања на документацијата со години, досега не никој не успеа да најде ништо неправилно и незаконско.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста